odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Структура на бизнис клубот

Структурата на Клубот на одговорни бизниси е едноставна и составена од следниве тела:

  • Совет на членките;
  • Одбор;
  • Извршна канцеларија.

Во советот на членките членуваат сите официјални претставници на компаниите членки на клубот. Членката го определува официјалниот претставник од редовите на своите вработени од повисок ранг во хиерархијата на компанијата и тоа најмалку функција на директор/ка на сектор или повисока позиција. Советот на членките се среќава најмалку еднаш годишно.

Одборот е лидерското тело на Клубот и е одговорно за примената на политиките и практиките на општествена одговорност на претпријатијата. Членувањето во Одборот е доброволно и не создава правни обврски и последици..Одборот на Клубот го сочинуваат најмалку 5, а најмногу 7 члена.

Стручните, административно- техничките, логистичките и други работи за потребите на Клубот, неговите тела и членки ги врши Извршната канцеларија на Конект. Извршната канцеларија е одговорна за внатрешната и надворешната комуникација на Клубот и истата за потребите на Клубот ќе обавува и извршува технички, стручни и програмски услуги, како и друга потребна логистичка поддршка.