odgovorni-biznisi

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Програма за младинско вработување
„Висок старт за кариера“

Програмата за младинско вработување придонесува кон намалување на невработеноста преку обезбедување можности компаниите да ја остварат својата улога за едукација и вработување на млади лица.

Високатата стапка на невработеност на младите и нивното иселување претставува проблем за општеството и финансиски ги оптоварува лицата кои се вработени. На долг рок компаниите се соочуваат со кусок на работна сила. Младите тешко наоѓаат работа како резултат на низа околности. Постојат разлики помеѓу барањата на работодавачите од бизнисот и она што можат младите да им го понудат со нивните вештини и искуство. Дополнително образовниот процес не е секогаш во согласност со барањата на деловните субјекти. Бројот на млади што ги гледаат приватните компании како посакувани работодавачи е многу мал, бидејќи немаат доверба во нив и не им се познати можностите што тие ги нудат.

Веруваме дека со правилно насочување и поддршка, младите можат да ја променат нивната животна насока. Тие се мотивирани, но потребна им е поддршка. Бизниси може да играат важна улога во овозможување на пат кон подобра иднина за младите, а при тоа и тие да имаат корист.

Клубот на одговорни бизниси, преку Програмата за младинско вработување, цели да им помогне на младите да ги надминат бариерите при вработување преку обезбедување вештини, искуство и можност да го направат првиот успешен чекор во својата кариера.

Факти за младите:

  • Пет од десет лица на возраст од 15 до 24 години се невработени;
  • Младите се предност за компаниите. Тие се влијателни претставници на потрошувачите, иноватори и вешти корисници на модерната технологија;
  • Просечната возраст на вработени во Apple e 33 години, во Facebook е 26 години а во Google е 31 година.

Вашата компанија може да присонесе кон намалување на невработеноста преку вклучување во една од двете подпрограми за младинско вработивање:

  • Подготвени за работа – едукација на лица на возраст од 17 до 29 години преку директен контакт со работодавачите и симулација на реални ситуации за барање работа.;
  • Целиме повисоко – менторска поддршка од компании за средношколци од ромската заедница за полесно и ефективно вклучување во работен однос или продолжување на нивното образование;

Повеќе информации можете да најдете тука.