odgovorni-biznisi

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Програма за менторирање – Поддршка за развој

Пренесување вештини од бизнисот во заедницата

„Поддршка за развој“ е менторска програма на Клубот на одговорни бизниси фокусирана на развој на индивидуалните и организациските капацитети, вештини и способности во непрофитните организации. Компаниите се дел од програмата за да ги трансферираат бизнис вештините на своите вработени во позитивни промени за заедницата. Менторството е двонасочна релација со конкретни придобивки и лекции за сите вклучени страни. Компанијата, нејзините вработени, непрофитната организација и нејзините вработени- сите имаат корист од вклучување во програмата за менторство.

Притоа придобивките за сите страни се огромни. Компанијата ги зголемува врските со непрофитниот сектор, се зајакнуваат вештините на вработените, вработените се надоградуваат, се зголемува информираноста за состојбата во заедницата. Вработените во компаниите ги зајакнуваат лидерските вештини, се усовршуваат во одредена област, создаваат мрежа на соработници, разменуваат искуства и експертиза. Непрофитните организации ја зајакнуваат соработката со бизнис секторот, се развиваат вештините кај вработените и членовите, добиваат знаење за решавање на одредени предизвици.

Која е улогата на менторите?

Компаниите со своите ментори во најголем дел ќе придонесат за развој на економските активности во рамки на организацијата или за развој на социјални претпријатија. Улогата на менторите може да опфаќа, но не е ограничена само на, помош при изработка на некој од следните документи во организацијата:

Повеќе информации можете да најдете тука.