odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Конектирај се!

„Конектирај се“ претставува сервис за поврзување на граѓанските организации со компании.
Преку „Конектирај се“ вие како граѓанска организација може да добиете поддршка за својата работа од страна на претпријатијата. Поддршката може да биде во различна форма, во зависност од вашите потреби и достапните ресурси на претпријатијата. Примарната цел на поврзувањето е да се искористат знаењата и експертизата на компаниите и да се помогнат стратешки партнерства кои носат корист како за компаниите така и за ГО. Нашиот тим ќе посредува во воспоставувањето на продуктивна соработка.

Стратешкото вклучување во заедницата ви помага да станете лидер во бизнисот и да ги зајакнете добрите бизнис практики. Задоволството кај вработените се зголемува, се подига моралот, а повратните информации од корисниците се позитивни. Проширете го кругот на соработници кои ќе ви помогнат во остварување и на вашата цел, правејќи добро и за заедницата.

Какви услуги може да понудите на граѓанските организации?

  • Професионална помош во областа на: правото, финансиите, IT поддршка, маркетинг итн;
  • Бизнис советување: стратешко планирање, развој на проекти и управување со човечки ресурси;
  • Менторирање;
  • Соработка на проекти;
  • Соработка поврзана со бизнис активностите на компанијата.

Како да станете дел од сервисот и креирате успешна соработка?

  • Пополнете формулар
    Пополнете формулар и пратете го во Конект (konekt@konekt.org.mk). На тој начин ќе покажете дека сте заинтересирани да бидете дел од сервисот.
  • Идентификување на потенцијални партнери
    Врз база на сличностите во мисијата и целите, на организацијата и компанијата, Конект ќе направи порзување помеѓу две заинтересирани страни. Само компании и организации кои меѓусебно си одговараат и имаат желба да соработуваат, ќе ја продолжат постапката.
  • Подготвителни активности
    Пред официјално да ги поврзе двете заинтересирани страни, Конект поединечно ќе разговара со потенцијалните партнери. При тоа ќе им ги обезбеди сите потребни информации и вештини кои ќе придонесат за поефикасна меѓусебна соработка.
  • Организирање прв состанок
    На првиот состанок ќе присуствуваат компанијата, организацијата и Конект
    како посредник и помагач во процесот. Целта на средбата е да се договорат начини и чекори на соработка и да се дефинираат активностите кои ќе се преземат понатаму.
  • Изготвување на потребни документи
    Начинот и условите под кои компанијата и организацијата се договориле да соработуваат ќе биде ставен на хартија. Конект ќе помогне да се подготват сите документи кои ќе бидат водилка низ понатамошното партнерство меѓу компанијата и организацијата.
  • Следење на соработката
    Соработката помеѓу комапнијата и организацијата ќе се базира на меѓусебна доверба и разбирање и на насоките од меѓусебниот договор. Конект ќе ја следи соработката и ќе им биде на располагање на двете страни за совет и поддршка во процесот.