ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Што е ознака за доверба?

Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу ГО и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации (ГО) коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на компаниите, но и на останатите чинители во заедницата.

Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба?

  • Бидејќи е транспарентна и отчетна организација;
  • Може да добиете да ги добиете сите информации за нејзиното работење на веб платформата на Конект;
  • Бидејќи поминала низ процес на целосна проверка на нејзиното работење;
  • Проверката на ГО ја врши одбор составен од експерти од ревизорски куќи, менаџери на човечки ресурси, експерти за односи со јавнос и експерти од граѓанскиот сектор.

Начин на стекнување со ознаката за доверба

За да може една ГО да ја добие ознаката за доверба таа треба да помине низ процес на оценување кој е составен од само-оценка и оценување од страна на одборот на ознаката за доверба.

  • Само оценување со пополнување на прашалник;
  • Оценување од одборот на ознаката за доверба и доделување на ознаката за доверба.

Принципи и критериуми на ознаката за доверба

За да ја стекне ознаката за доверба, ГО треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области:

  • Мисија и вредности;
  • Демократско управување на организација;
  • Финансиско управување;
  • Транспарентност и известување;
  • Комуникација и застапување;
  • Прибирање на средства;
  • Човечки ресурси.