circle

Социјално претприемништво

Социјално претприемништво

Добри практики

„Покров“ е прва долгорочна рехабилитациска програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард во Македонија. Сите во Струмица знаат за Сократ Манчев – еден од најуспешните социјални претприемачи, основач на „Покров“. Таму корисниците на програмата се работно ангажирани во рамки на социјалното претпријатие. Како дел од социјалната интеграција, се занимаваат со органско земјоделство и производите ги пласираат на пазарот. Од приходите се финансира работата на претпријатието и надоместоците на корисниците. „Покров“ е самоодржлив модел на социјално претпријатие, што ја ужива поддршката на локалната заедница.

„Лице в лице“ е единственото улично списание во Македонија. Практикувајќи го и промовирајќи го моделот на социјално претпријатие, тоа обезбедува работен ангажман за околу 40 маргинализирани лица (млади на улица, лица со попреченост, бездомни лица итн.). Списанието се продава по цена од 100 денари, при што половина од продажната цена ја задржува продавачот, а другата половина се користи за остварување и развој на едукативната програма низ којашто поминуваат овие лица, а и за трошоци за печатење и подготовка на нов број на „Лице в лице“.