fbpx
Новости—бизнис клуб

Формиран Клуб на одговорни бизниси

Членувањето во клубот ќе им овозможи на компаниите здружено, во партнерство со граѓанскиот сектор и институциите, да дадат посилен одговор и за најголемите општествени предизвици.

На 09.02.2017 беше формиран Клуб на одговорни бизниси, чиј основач е Конект. Највисоките раководни струкутри од педесетина компании ја подржаа инцијативата за формирање на Клубот и се заложија дека ќе придонесат во развојот на општеството со водење фер и одржлив бизнис што поттикнува иновации, влева доверба и што промовира вистински вредности. Клубот претставува нова уникатна платформа за здружување на иницијативите, идеите и ресурсите на компаниите заради реализација на поголеми и посложени проекти кои ќе имаат значајни ефекти врз животот на луѓето, просперитетот на заедниците и одржливиот развој на општеството.

Настанот се одржа во резиденцијата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет. Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните“ финансиран од Европската Унија.