fbpx

Kонференцијата за закони по мерка на граѓанските организации

Во Скопје на 23 април 2019 се одржа Kонференцијата за закони по мерка на граѓанските организации во организација на Здружението Конект и Мрежата за финансиска одржливост на граѓански организациите со над 90 членки.

Безмалку 100 експерти, претставници на граѓанските организации, институции и бизниси на Конференцијата беа вклучени во презентирањето на новости и дискутираа по предлозите на Мрежата за низа закони поврзани со финансиската одржливост на граѓанскиот сектор, како што се:

  • измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во согласност со добрите практики на регулирање на филантропијата во ЕУ,
  • поновите измени во даночниот третман на граѓанските организациите и
  • нивната улога како работодавачи.

Се истакна неопходноста од менување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности со цел тој да стане применлив и функционален, односно да ја исполни својата цел и да биде мотив за повеќе и полесно донирање во нашата земја.

„Тука сме со цел да дадеме наша поддршка и експертиза во делот на законот за филантропија и спонзорства во јавните активности. Ние сме многу среќни што постои интерес за подобрување на овој закон, бидејќи сметаме дека филантропијата е еден од главните начини со кој невладините организации можат да ги подобрат и унапредат своите активности. Наш став од секогаш бил дека законодавството мора да оди во прилог на работата на невладините организации со цел да се отстранат сите пречки во тој дел и да им се овозможат придобивки“, нагласи Љубен Панов, Програмски консултант „Европски центар за непрофитно право (ЕЦНЛ)“- Будимпешта.

За Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението Конект, пак, донациите и спонзорствата претставуваат важен извор на поддршка во повеќе области како образованието, спортот, културата, социјалата, здравството. „И покрај тоа што во 2006 година се донесе Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, многу од компаниите решаваат да не го користат иако би сакале да ги добијат даночните олеснувања, додека граѓаните и не го применуваат. Според тоа имаме закон кој формално функционира, но не ја остварува својата примарна функција и не им служи на оние за кои е донесен. Затоа тој мора да претрпи измени во повеќе сегменти за навистина да ја развива филантропијата и да ги поттикнува граѓаните, претпријатијата, здруженијата активно да се вклучуваат во решавањето на општествените проблеми“, додаде Кусиникова.

Повеќе информации на следниот <<линк>>

Kонференцијата се организираше во рамки на проектот „Промени за одржливост“, финансиран  од Европската Унија, а спроведуван од Здружението Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.

Во рамки на проектот „Промени за одржливост“,завршна конференција ќе се одржи на 31 мај, 2019, во Скопје. Пријавете го вашиот интересе за учество на  konekt@konekt.org.mk