fbpx

kon-0

Конект

КОНЕКТ

Основачи на здружението

Основачи на Конект

Катерина Хаџи-Мицева Еванс

Катерина Хаџи-Мицева Еванс (привремено без право на глас) е Извршна директорка на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и како еден од водечките експерти е консултант и истражувач во областа на реформи на политики и право посветени на развојот на граѓанското општество. Повеќе од 16 години таа ги поддржува владите и граѓанското општество од Европа и глобално, нудејќи ја својата експертиза во создавањето поволна правна рамка за граѓанското општество, филантропијата и креирањето механизми за зајакнување на врските меѓу граѓанскиот и јавниот сектор.Таа е експертка за прашања како: правна рамка за регулирање на граѓанските организации и обезбедување нивна одржливост; механизми за соработка меѓу владите и граѓанското општество; учество на граѓанското општество во креирање политики и право; правна рамка за волонтерство и други. Авторка е на бројни истражувачки трудови и анализи. Таа е членка на Експертскиот совет за право од областа на граѓанските организации на Советот на Европа, OSCE/ODIHR panel on freedom of assembly и други тела.

М-р Кристина Хаџи-Василева

М-р Кристина Хаџи-Василева, ко-сопственик и извршен директор на „Консалтинг за стратешки развој“. Таа е магистер по родови и етнички студии на Универзитетот на Гринич, Лондон. Кристина е вклучена во развој, имплементација, управување, следење и евалуација на програми и проекти за развој, повеќе од 12 години. Таа има стекнато големо искуство и има работено во различни граѓански организации и донаторски институции. Таа работеше со локалните власти и граѓански организации и има раководено програми и проекти во областа на доброто владеење и децентрализација, родова еднаквост и зајакнување на граѓанското општество и локален економски развој.. Од 2007 година, во рамките на „Консалтинг за стратешки развој“, таа управува со програмата “Форуми во заедницата” која се фокусира на промовирање на алатки за граѓанско учество во процесот на одлучување на локално ниво и зголемување на учеството на жените и на различните етнички групи.
Кристина е член на Здружението на бизнис жени во Македонија и долгогодишен пријател на коктелот Куба Либре. Таа е сопруга на Филип и мајка на Дамјан.

Марија Тодорова

Марија Тодорова има повеќе од петнаесетгодишно искуство во развојниот и граѓанскиот сектор, работејќи на проекти во рамките на УСАИД, ОН, ЕУ и ДфИД. Тодорова има докторат во областа на Мировните студии од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и докторат во областа на англискиот јазик и литература од Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг, каде во моментот работи како вонреден истражувач. Има напишано и објавено повеќе истражувачки текстови осврнувајќи се на улогата на толкувачите во мировните процеси и меѓународните организации, како и пресекот на мировните студии и литературата. Тодорова е член на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за преведувачки и меѓукултурни студии.

М-р Никица Кусиникова, Извршна директорка

Има завршено европски постдипломски студии по компаративен локален развој при Универзитетот од Тренто, Универзитетот од Регенсбург и Корвинус Универзитетот од Будимпешта. Магистрира на темата „Филантропија кај дијаспората како потенцијален ресурс за невладините организации во Македонија“. Следејќи ја својата примарна струка, како дипломиран инженер по електротехника има работено во Македонска Радио Телевизија. Преку осумнаесет години работи на раководни позиции и како консултант во меѓународни и домашни развојни програми. Таа е еден од клучните експерти во Македонија и регионот во областите на општествена одговорност, филантропијата и социјалното претприемништво и е авторка на повеќе публикации и истражувања. Никица е Претседателка на Националниот совет за развој на волонтерството, Претседателка на Локалната советодавна група на Проектот ТАКСО и заменик член на Националното координативно тело за ООП. На меѓународен план, како контакт лице на Македонската мрежа, ги претставува Локалните мрежи на Глобалниот договор од Источна Европа во Советодавната Група на ГД на Обединетите Нации. Волонтерски членува во управните одбори на неколку организации. Во слободното време сака да патува.
Областите во коишто донира се: заштита на животните, унапредување на демократијата и човековите права како и сите непрофитни организации со коишто директно соработува.

Горан Булдиоски

Горан Булдиоски е програмски директор на Отворено општество Тинк-тенк фонд и директор на Иницијативата за Отворено општество за Европа. Фокус на неговата работа се: демократската транзиција во Источна Европа, развоj на политики за социјални и политички прашања, како и улогата на граѓанското општество во Европа. Пред да се приклучи на фондацијата Отворено општество, тој работел за Советот на Европа, Центарот за меѓународна соработка на Македонија и во Националниот младински совет на Македонија. Неговите статии и научни трудови адресираат прашања за тинк-тенкови, развој на политики од релевантни истражувања и демократската транзиција и биле објавени во Politico, EurAktiv, EU Observer, Е! Sharp Magazine, LSE-UNDP Development and transition Newsletter, The Turkish Policy Quarterly и во Western Balkans Security Observer. Тој е член на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR). Булдиоски магистрирал Јавна политика на Централниот Европски универзитет и организациско однесување на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Управен Одбор

  1. Искра Тикваровска-Казанџиевска
  2. Емина Нурединовска
  3. Христијан Јанкулоски