fbpx
Survey Img

Јавен повик за тендер за набавка на услуги за организирање настани, изработување на промотивни материјали и брендирање

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТЕНДЕР за набавка на услуги за организирање настани, изработување на промотивни материјали и брендирање

СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ ВО РАМКИ EIDHR 2016-2017 EUROPEAID/155319/DD/ACT/MK

ПРОЕКТ: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ ЗА БИЗНИС И ЧОВЕКОВИ ПРАВА (Број на договор 2017/393-738)

 

Проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект и Бизнис Конфедерацијa објавува единечна тендерска постапка за горенаведениот договор за набавка на услуги. Целосното тендерско досие е приложено кон оваа објава. Тоа содржи:

 

А.                Упатство до понудувачите

Б.                Нацрт договор со анекси:

  1. Нацрт договор (Анекс 1)
  2. Опис на проектот (ToR) (Анекс 1.1)
  3. Техничка понуда (Организација и методологија ја поднесува понудувачот според приложениот урнек – Анекс 1.2)
  4. Буџет (ја поднесува понудувачот како Финансиска понуда, користејќи го урнекот приложен во Анекс 1.3) 

В.                Други информации:

  1. Листа на поканети компании
  2. Табела за проверка на техничка усогласеност
  3. Табела за евалуација на понуда

Г.                Формулар за поднесување на тендер (ја поднесува понудувачот според приложениот урнек)

Дополнителни информации: Одговори на прашања во врска со спецификациите

Крајниот рок за поднесување на понудите е 12.06.2019.

 

Понудите можат да се поднесат по пошта, преку доставувач, лично или по електронски пат користејќи ги следните  адреси:

  • Здружение Конект Скопје, ул. „Владимир Полежиновски“ бр.19-1/6, 1000 Скопје
  • konekt@konekt.org.mk

 

Со поднесување на понуда ќе прифатите да добиете известување за исходот на постапката по електронски пат. Доколку одлучите да не поднесете понуда, би биле благодарни ако можете да нe информирате во писмена форма, наведувајќи ги причините за вашата одлука.