Промени за одржливост – форум во Тетово
На 15 јануари 2019, во х. Лирак, Тетово се одржа вториот форум од серијата консултации со граѓанските организации.
Овие консултации се важни затоа што овозможуваат на граѓанските организации да бидат информирани за новите законски измени, како и да дискутираат за нивните предлози за следни измени анализирајќи ги своите искуства. На форумот специфично стана збор за Законот за донации и спонзорства во јавни дејности и за граѓанскиот сектор како работодавач.
Можност да дадат свој придонес во овој процес ќе имаат над 90 граѓански организации на 3 регионални форуми. Првиот се одржа во Битола на 21 декември, каде беа присутни претставници на 33 граѓански организации. На денешниот форум во Тетово се присутни 32 претставници на граѓански организации. Овие настани нудат можност граѓанскиот сектор да ги формулира своите гледишта за застапување и да се превземат конкретни активности за промени.
Застапувањето за промени во регулативата што се однесува на даночниот третман и финансиското работење на ГО е причината поради која постои мрежа за финансиска одржливост на ГО. Мрежата застапува поволни промени во следните области:
- Даночниот третман на ГО;
- Даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес;
- Сметководствениот систем за непрофитни организации;
- Статусот на ГО како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување.
Заклучоците од трите регионални форуми ќе бидат земени во предвид за идните активности за застапување кои ќе ги спроведува мрежата за финансиска одржливост која во моментот вклучува 80 граѓански организации.
Форумот и мрежата на ГО е дел од проектот „Промени за одржливост“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фоднација Аполонија и Центарот за даночна политика. Проектот има за цел да придонесе во градењето на поволна средина за финансиска одржливост на ГО во земјата.
Третиот, последен регионален форум ќе се одржи на 29 јануари 2019, во хотел Гарденија, Велес. Пријавете го вашиот интерес на konekt@konekt.org.mk