fbpx

ФИЛАНТРОПИЈА / ЕДУКАЦИЈА

ЗГ Жетва на знаење

лого

Мисија

Жетва на знаење се фокусира на комлексноста на едукацијата од различни апсекти при што се опфтени различни целни групи како и помагање во обезбедување на целисходно спроведување на воспитувањето и образованието.

Визија

Да помогнеме во процесот на квалитетна и континуирана едукација, да вложиме во сегашноста за подобра иднина!

Област на делување

Едукација и заштита на животна средина

Целни групи

Ученици, наставници, родители

Цели

  • Подобрување на едукацијата во подготвителното, основното и средното образование во Република Македонија;
  • Имплементирање на ИКТ во едукативниот процес;
  • Унапредување на природните науки во школството;
  • Проценување на постоечките состојби во школството и подобрување на методите за проценки;
  • Набљудување и вреднување на проекти кои се имплементираат во едукативниот процес;
  • Поттикнување на образование за време на цел живот;
  • Развивање и јакнење на свеста на јавноста за околината и одржливиот развој како и подготвеноста за делување во секојдневниот живот;
  • Вклучување и поврзување на содржини за околината и одржливиот развој во наставните програми во училишните институции.

Активности

  • Поттикнување на соодветни концепциски, законски и организациски промени за унапредување и подобрување на образованието во различни области;
  • Креирање и спроведување на проекти за образование на воспитувачи, наставници, новинари, стопанственици, одлучувачи и спроведувачи на одлуки во локалната и државната управа како и други целни групи при што тежиште ќе биде на искуствени работилници;
  • Актуелизирање на наставни содржини како и воведување на нови во веќе постоечките образовни програми;
  • Поттикнување на изработка на учебници, прирачници, дидактички средства и помошни материјали;
  • Континуирано информирање на јавноста преку медиумите;
  • Редовно издавање на публикации за пошироката јавност и за посебни целни групи.

Претседател

  • Наталија Ацеска

Директор

  • Александра Ацеска

Сите членови на управен одбор

  • Анета Тренкоска
  • Весна Трајковска
  • Маја Бунтеска

Сите членови на извршна канцеларија

  • Дејан Бунтески
  • Кате Киселоска
  • Кети Тренкоска

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. / МКД / МКД
2014 год. / МКД / МКД
2015 год. / МКД / МКД
Обуки за наставници
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 10.000 EUR
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА 3-4 месеци

Проблем или потреба во заедницата

  • Потреба од обука и прирачници за наставниците за усовршување на нивните СТЕМ вештини, кои би биле во согласност со промените што се случуваат во основното и средното образование во областа на природните науки и математиката. Наставниците имаат потреба од усовршување на нивните СТЕМ вештини со инкорпорирање на образованието за одржлив развој со цел обуките да бидат во духот на Агендата 2030, согласно целите за одржлив развој

Очекувани постигнувања од проектот

  • Подобрени компетенции за образование за одржлив развој кај СТЕМ наставниците

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • 10 000 евра, 3-4 месеци