ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Здружение за дислексија "АЈНШТАЈН" - Скопје

Мисија
Подигнување на јавната свест за состојбите кои предизвикуваат потешкотии во учењето кај образовните институции, родителите, релевантните институции како и кај пошироката јавност.
Визија
Подобрување и олеснување на процесот на образование на учениците со дислексија како и потпомагање во воведување на соодветен и подобрен образовен систем.
Област на делување
- Образование
Целни групи
- Лица со потешкотии во учење, родители, наставен кадар
Цели
- Создавање на општество кое ќе има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на лицата со потешкотии во учењето и да се приклучи на земјите кои веќе 50 години активно развиваат техники и методи за работа за овие лица настојувајќи истите да го пронајдат и истакнат својот талент
Активности
- Семинари, обуки, трибини, забавни настани, конференции, истражувања
Претседател
- Дамјан Николовски
Сите членови на управен одбор
- Марија Анчевска
- Силвана Вучевска
- Фани Кузмановска
- Бодин Попов
- Цветанка Кузмановска
Сите членови на извршна канцеларија
- Дамјан Николовски
- Мартин Трајановски
- Марија Анчевска
- Славица Тасевска Николовска
- Орхидеја Шурбановска
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 0 МКД | 0 МКД |
2014 год. | 0 МКД | 0 МКД |
2015 год. | 1.501.244 МКД | 731.176 МКД |

Во Р.М. постои високо ниво на неразвиена свест за дислексијата и нејзиното значење од страна на целото општество. Со цел да се промени таа ситуација здружението АЈНШТАЈН сака изработи и испечати едукативни постери и триплети, кои ќе ги содржат најважните информации за оваа состојба. Постерите ќе бидат наменети за дистрибуција во основните училиште додека пак триплетите ќе бидат наменети и дистрибуирани до пошироката јавност.
Потребните средства за реализирање на оваа наша акција изнесуваат 15.000 денари, оваа сума вклучува печатење на 100 едукативни постери и 5000 едукативни триплети.