ФИЛАНТРОПИЈА / ЕДУКАЦИЈА
Сојуз на извидници на Македонија


Мисија
Мисијата на Сојузот на Извидници на Македонија е да придонесе во образованието на младите луѓе, низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградбата на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
Визија
Сојузот на Извидници на Македонија е релевантна, атрактивна и самоодржлива организација која обединува млади луѓе преку современа прогресивна програма која ги исполнува општествените потреби на младите во Р.Македонија и го гради нивниот карактер врз база на позитивните извиднички вредности и принципи.
Област на делување
Неформлано образование и развој на млади
Целни групи
Деца и млади;
Членови на Сојуз на извидници на Македонија се деца, млади луѓе и постари луѓе. Со комплетирање на програмата на одредите и Сојузот на извидници на Македонија тие земаат активно учество во активности во нивната заедница и помагаат во зголемување во квалитетот на живеењето.
Цели
- Активни млади кои се лидери во градењето на своите заедници;
- Отворено општество водено од соработка и заеднички акции на младите и возрасните;
- Здрав живот во природа;
- Одговорни и подгортвени млади кои се поготвени да помгнат секогаш;
- Млади со вештини и знаења изградени во исполенти индивидуи на социјален, емотивен, духовен, емоцијоналел, интелектуален, ментален и професионален план.
Активности
- Неформално образование за млади луѓе користејќи го извидничкиот метод;
- Атрактивна програма за млади со многу активности во природа кои ќе обезбедат развој на интелектуален, психички, духовен, социјален, карактерен и емотивен аспект на секој млад човек;
- Промовирање на активно граѓанство;
- Промовирање на младински активизам и иницијативизам;
- Поддршка во развој на заедницата на локално и национално ниво;
- Промоција и практикување на демократијата и човечките права преку стимулативни средби и процеси.
Претседател
- Огнен Стефановски
Директор
- Горан Ѓорѓиев
Сите членови на управен одбор
- Јане Илијески
- Бобан Москов
- Снежана Јанковиќ
- Елвис Тодоровски
- Влатко Влахчев
- Миќо Стојановски
Сите членови на извршна канцеларија
- Владимир Костовски
- Ангела Николиќ
- Павел Пападимитров
- Никола Уневски
- Виктор Петрушевски
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 2.238.390 МКД | 2.223.717 МКД |
2014 год. | 2.471.886 МКД | 2.468.520 МКД |
2015 год. | 7.260.476 МКД | 6.647.944 МКД |
Проблем или потреба во заедницата
- Во општество кое е обременето со брзи негативни трендови младите се почесто се социјално исклучени и речиси не практикуваат активности во природа. Престојот во природа е оценет како исклучително важен за правилен развој на младите и децата и се поврзува со серија научни докази за намалување на низа заболувања, деформитети, депресија и зависности. Придобивките од престојот во природата се малку познати за младите а дури 25% од младите не практикуваат редовна посета на планина барем еднаш месечно. Проблемот на кој Сојузот на извидници на Македонија се осврнува е ниската свест на младите за придобивките од природата и ресурсите кои се наогаат во истата. Потребата ја адресираме преку изучување на лековитите билки кој се наогаат во Македонското подрачје и организирање на авантуристички активности за младите со цел да ги истражат природните богатства во Р.Македонија.
Очекувани постигнувања од проектот
- 600 млади ќе станат промотри на здрав живот во природа;
- 600 млади ќе се здобијат со знаење за лековитите билки и нивната примена;
- 30 млади од социално загрозени категории на граѓани ќе се вклучат во извидничкото движење и ќе бидат интегрирани во општеството.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- 100 000 денари / 6 месеци