ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченоcт Порака-Наша

Мисија
Мисијата на Здружението е да работи на ефективна промоција и поддршка во остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.
Визија
Визијата на Здружението е обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства на ниво на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане но и пошироко на територијата на РМ.
Област на делување
Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША од Куманово, дејствува на територијата на РМ, а се организира на подрачјето на општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане. Здружението во своето дејствување може да се проширува на национално ниво и може да соработува со организации, здруженија, фондации и институции, и да членува во асоцијации во земјата и странство согласно Уставот и Законот на РМ и овој Статут
Целни групи
Лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства
Цели
- Главен деловен процес на Здружението е раководење со програми од јавен интерес дефинирани во Законот за здруженија на граѓани и фондации 2010(Сл.весник на РМ бр:51/2010) Член 74;
- Граѓаните родители на лица со интелектуална попреченост се здружуваат во Здружението, заради остварување на следниве цели : обезбедување на севкупна општествена грижа и третман на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства како и остварување и заштита на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени,културни,образовни, спортски и други права.
Активности
- Поттикнување на самостојност;
- Општо познавање;
- Корекција на говорот;
- Развој на моториката и физичка активност;
- Социјални активности;
- Игри;
- Музико – терапија;
- Ликовно;
- Работно – производствен процес;
- Сексуално и репродуктивно здравје и права на лица со попреченост;
- Компјутерска обука;
- Реализација на постоечки и нови активности во надворешен простор.
Претседател
- Милован Видановиќ
Сите членови на управен одбор
- Сашо Арсениевски
- Трајче Цветковски
- Емилија Цветковска
- Борко Христовски
- Емилија Стефановска
- Милован Видановиќ
- Светлана Пешевска
- Силвана Боризовски
- Маре Бојковска
Сите членови на извршна канцеларија
- Секретар
- Претседател на здружението
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 3.712.642 МКД | 2.731.401 МКД |
2014 год. | 3.712.642 МКД | 2.907.528 МКД |
2015 год. | 3.133.848 МКД | 1.431.641 МКД |

Проблем или потреба во заедницата
- Професионална рехабилитација на лицата со интелектуална попреченост како дел од програмата за работа на Дневниот центар;
- Создавање на услови во центарот (просторни, технички, и професионални) во насока на работно оспособување или оспособување за дел од работен процес на корисниците од центарот но и на членовите на организацијата(лица со интелектуална попреченост) кои не го посетуваат центарот, а имаат потреба од професионална рехабилитација.
Очекувани постигнувања од проектот
- Обучени корисници и лица со интелетуалана попреченост кои ќе имаат можност да се вклучат на пазарот на труд или ќе бидат дел од идно социјално претпијатие во рамките на центарот;
- Прифаќање на можностите на лицата со интелектуална попреченост од работодавците;
- Создавање и јакнење на партнерства со бизнис секторот.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- 10.000 EUR – до една година период за прибирање средства и создавање на наведените услови .