ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Полио Плус – движење против хендикеп

Мисија
Полио Плус е граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп. Нашата мисија е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите.
Визија
Полио Плус е лидер, активен креатор и носител на суштинските промени за градење на светот како општество во кое сите лица со хендикеп учествуваат целосно, како еднакви граѓани. Потпирајќи се на индивидуалните вредности, како прилагодлива, истрајна и одржлива организација, а преку искористување на процесите и механизмите на посредната демократија, заедно со другите чинители, го промовираме и наметнуваме пристапот на еднакви можности, кој обезбедува учество на лицата со хендикеп во главните општествени текови.
Област на делување
- Хендикеп, човекови права
Целни групи
- Лица со хендикеп, родители на лица со хендикеп
Цели
- Еднаквост, толеранција и недискриминација;
- Почитување на човекови права и слободи;
- Систем за осигурување и заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп;
- Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата;
- Добро владеење, партиципација и транспарентност;
- Граѓанско општество, кое влијае врз јавните политики;
- Културна разноличност, меѓузависност и дијалог;
- Евро интеграции и зајакната регионална соработка;
- Полио Плус – независна организација, со кредибилитет, способна за партнерства и сојузи базирани врз еднаквост.
Активности
- Полио Плус работи на унапредување, почитување и заштита на правата на лицата со хендикеп. Нашите активности опфаќаат, но не се ограничуваат на областите на законодавство и политики на централно и локално ниво, образование, вработување, социјална заштита, пристапност и самостојно живеење на лица со хендикеп
Претседател
- Звонко Шаврески
Сите членови на управен одбор
- Зоран Петревски
- Елена Кочоска
- Јане Љоровски
- Зоран Додевски
- Звонко Шаврески
Сите членови на извршна канцеларија
- Звонко Шаврески
- Томислав Ортаковски
- Илинка Сталетовиќ
- Јулијана Климоска
- Бобан Маневски
- Елена Кочоска
- Владо Николов
- Огнен Фидановски
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 23.018.978 МКД | 14.119.782 МКД |
2014 год. | 13.719.069 МКД | 13.719.069 МКД |
2015 год. | 6.065.852 МКД | 5.119.854 МКД |