ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ - Скопје

Мисија
Поттикнување позитивна општествена промена преку промовирање на социјална инклузија. Намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост преку нудење решенија базирани на докази од истражувања и наоѓање иновативни методи за комуникација, застапување и поттикнување критичка дебата.
Визија
Општество со еднакви можности за сите во кое граѓанинот е свесен за својата улога и моќ за генерирање позитивни општествени промени.
Област на делување
- Истражување и застапување во областа на социјалната инклузија, социјални претпријатија и социјални иновации, општествен импакт и медиуми и медиумска култура
Целни групи
- Ранливи категории граѓани, (бездомни лица, младинци од улица, социјално загрозени лица, лица со попречености)
Цели
- Општа цел на асоцијацијата е подобрување и унапредување на социјалната и другите сфери релевантни за општествениот развој на земјата, со активности дефинирани преку одлуки донесени врз основа на заклучоци од истражувања, размена на искуства и примена на добри практики од земјите на Европската унија и пошироко, од меѓународната и од регионалната соработка и синергетското дејствување со странските партнерски организации, како и со институциите и со другите ентитети во земјава и во странство.
- Посебна цел на асоцијацијата е со примена на современи истражувачки методологии, анализа на јавните политики и нивното влијание, и со примена на современи комуникациски стратегии и медиумски алатки во насока на иновативно застапување, на добрите европски и светски практики и на новите технологии, особено информатичките, да влијае на јавната свест и да иницира структурни промени во:
- Социјалната сфера – прашања поврзани со социјалната нееднаквост, сиромаштијата, невработеноста, маргинализацијата врз основа на етничка, родова или возрасна нееднаквост;
- Медиумската сфера – прашања поврзани со професионализмот во медиумите, новинарската етика и со општествената одговорност на медиумите, со слободата на медиумите, корупцијата, клиентелизмот и со скриените влијанија врз нив, но и со влијанието што го имаат медиумите врз јавната свест, индивидуалниот и општествениот развој, прашања поврзани со медиумска писменост и со нејзиното влијание врз општествените текови, како и развој на статистичкото и на граѓанското новинарство;
- Подигнување на јавната свест – прашања поврзани со улогата и со учеството на поединецот во општествените текови, неговата освестеност и моќ за социјални промени, прашања за активизмот, волонтерството и за општествено одговорното дејствување , како и прашања за влијанието на новите технологии врз хуманите вредности и врз вредностите во општеството како целина;
- Засилување на граѓанскиот сектор со слична мисија и унапредување на соработката со институциите – пред сè преку создадените партнерства со организации од ЕУ и од регионот и пренесувањето на нивните искуства во локалните партнерства, но и преку примерите на добри практики на „Паблик“ и по пат на директна едукација, советување и ангажирање експерти на национално и на меѓународно ниво во полето на развој на социјалните структури, како и организацискиот и институционален развој.
Активности
- Спроведување научно-истражувачки проекти според иновативни методологии, индивидуално и во соработка со организации од земјата, регионот и пошироко;
- Создавање партнерства со интернационални организации, ентитети од ЕУ и регионот и пренесување искуства и добри практики од партнерствата на локалните партнерства и иницијативи;
- Иницирање иновативни модели за пренесување добри практики и знаења, со овозможен еднаков пристап до нив;
- Изработување и издавање публикации во печатена и во електронска форма;
- Активности на социјалните медиуми и континуирано ажурирање на веб-страницата на здружението во насока на остварување на целите;
- Учествување во работни групи на локално, национално и на меѓународно ниво со цел решавање на социјалните проблеми;
- Процена и анализа на општествените потреби;
- Анализа и мониторинг на системот за социјална заштита, потреби и проблеми;
- Соработка со експерти од соодветните сфери, со надлежни државни институции, како и со локални, регионални и меѓународни, невладини и меѓувладини организации и институции што се занимаваат со прашања тесно поврзани со развојот на соодветните општествени сфери;
- Спроведување работилници, конференции, трибини;
- Вршење и други работи во согласност со овој Статут, законите и Уставот на Република Македонија.
Претседател
- Кристина Домазетоска
Директор
- Климентина Илијевски
Сите членови на извршна канцеларија
- Анета Ристеска
- Александра Илоска
- Жармена Божиновска
- Маја Раванска
- Ерџан Садик
- Небојша Илијевски
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 2.778.061 МКД | 2.608.987 МКД |
2014 год. | 3.551.928 МКД | 3.310.679 МКД |
2015 год. | 6.603.852 МКД | 5.476.763 МКД |
Програма за социјална интеграција
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 5.000 EUR
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци
Проблем или потреба во заедницата
- Македонија се карактеризира со бавен економски развој и висока стапка на невработеност од 58%, дополнително ограничувајќи ги можностите за вработување и отварањето на нови работни места. Од друга страна пак, ваквата состојба на пазарот на труд дополнително го зголемува ризикот за економски-ранливите категории граѓани, создавајќи овозможувачка средина за зголемување на социјалната исклученост
Очекувани постигнувања од проектот
- Креирана програма за социјална интеграција и подготовка за пазарот на труд, дизајнирана во согласност со потребите на младинците од улица;
- Реализирани вкупно 30 работилници во период од 12 месеци;
- Импакт евалуација на реализираната програма.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- 5 000 EUR