ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Здружение за асистивна технологија
"Отворете ги прозорците"

Open-the-Windows_prilog-1
Oznaka_za_doverba

Мисија

Отоврете ги прозорците со асистивната технологија го поттикнува и олеснува активното вклучување на сите луѓе во современиот свет.

Визија

Свет на рамноправни и активни луѓе кои ја користат технологијата за личен развој, подобрување на квалитетот на животот и за добросостојба на заедницата.

Област на делување

  • Попреченост;
  • Асистивна технологија.

Целни групи

Лица со различен тип попреченост што имаат потреба од прилагодување на компјутерот

Цели

  • Достапна информациско-комуникaциска технологија за сите;
  • Инклузивно и модерно образование;
  • Еднакви можности за сите.

Активности

  • Од една страна, ОП е сервисна служба за асистивна технологија што нуди три вида услуги за лица со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, индивидуална проценка на потребите од асистивна технологија и советодавно-консултативна поддршка за примена на асистивната технологија;
  • Услугите се засновани на пристапот насочен кон личноста и имаат за цел да го поттикнат личниот развој на лицата со попреченост. Примената на технологијата и професионалниот тим од дефектолози и информатичар ја прават организацијата уникатна сервисна служба во земјата. Услугите се наплаќаат во зависност од семејниот буџет, а за семејствата кои живеат со една просечна плата, услугите се бесплатни. Интересот за нив го надминува капацитетот на организацијата, поради што е воведена листа на чекање;
  • Од друга страна, ОП спроведува проекти за промовирање на примената на асистивната технологија преку: јакнење на капацитетот на други чинители (училишта, дневни центри, итн.), развој на иновации и истражувања, и јакнење на свеста и информирање.

Претседател

  • Тони Бачваровски

Директор

  • Маргарита Гулевска

Сите членови на управен одбор

  • Тони Бачваровски
  • Надица Мурџева
  • Беким Беќири
  • Душко Миновски
  • Африм Илјази

Сите членови на извршна канцеларија

  • Радмила Стојковска Алексова
  • Магдалена Димкова Велевска
  • Марија Велиновска
  • Весна Јованова
  • Владо Николов

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 8.956.343 МКД 7.508.273 МКД
2014 год. 13.403.580 МКД 9.937.433 МКД
2015 год. 9.043.034 МКД 8.949.971 МКД
Пристап до компјутер за секого
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 120.000 МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА 3 месеци

Проблем или потреба во заедницата

  • Технологија е алатка за обезбедување еднакви можности за сите. Нејзиниот развој на сите ни го олеснува живеењето, но на лицата со попреченост им овозможува многу повеќе од тоа.
    Центарот за асистивна технологија веќе 11 години овозможува пристап до компјутер и интернет за лица со различна попреченост. Пристапот е целосно индивидуализиран, а специфичноста е во тоа што потребите на децата не зависат само од типот на попреченост. На пример две деца со церебрална парализа може да имаат различни потреби, едното може да има потешкотии со движењето на рацете, а другото да има проблеми со фината моторика на дланката. Секој бара индивидуални прилагодувања што ќе му помогнат да се вклучи во образовниот процес, или да најде полесно вработување. Некој има потешкотии со совладувањето на материјалот, некому му е потребно прилагодување на компјутерот бидејќи тоа му е и молив и пенкало и книга и лист хартија.

Очекувани постигнувања од проектот

  • Најмалку 20 лица со попреченост да имаат пристап компјутер и интерент, а преку професионалната на вработените во центарот да добијат индивидуализирана поддршка за да напредуваат во образованието.

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • 120.000 денари, 3 месеци.