ФИЛАНТРОПИЈА / ЕДУКАЦИЈА
Младински културен центар – Битола

Мисија
Обединување и развој на креативните потенцијали на младите и поттикнување на граѓанскиот активизам.
Визија
Развиено демократско општество во кое младите се лидери на прогресот.
Област на делување
Национално
Целни групи
Млади
Цели
- Да го промовира волонтерството;
- Да го афирмира неформалното образование;
- Да ги развива демократијата и граѓанското општество;
- Да ја поддржува урбаната култура.
Активности
- Да поттикне одржлив развој на Волонтерски центар на Македонија (ВЦМ);
- Да го промовира волонтерството и волонтерските вредности;
- Да ги зголеми знаењата, вештините и мобилноста кај младите;
- Да ја афирмира и развива младинската работа во Македонија;
- Да поттикнува младинско учество, особено во креирање и подобрување на младински политики и програми;
- Да ги развива граѓанскиот активизам и партиципативната демократија;
- Да поддржува млади уметници;
- Да ја промовира урбаната култура и меѓукултурното разбирање;
- Да ја поттикнува креативноста кај младите.
Директор
- Сашо Додовски
Извршен директор
- Златко Талевски
Програмски директор
- Мери Нашоку
Сите членови на управен одбор
- Игор Томески – Претседател на УО
- Златко Ќурчиевски – член на УО
- Наташа Несторовска – член на УО
- Александар Сарџовски – член на УО
- Никола Ацевски – член на УО
Сите членови на извршна канцеларија
- Маја Ангеловска
- Дејан Додовски
- Катерина Калешковска
- Марија Мерковска
- Александар Тодоровски
- Вера Гогу
- Јасмина Ангелова
- Мила Најденовска
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 12.987.381 МКД | 12.987.381 МКД |
2014 год. | 11.990.308 МКД | 11.990.308 МКД |
2015 год. | 9.061.590 МКД | 9.061.590 МКД |
Младинскиот културен центар – Битола досега организираше 15 изданија на интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ со преку 400 настани и учесници од преку 40 земји од светот. Фестивалот „Битола отворен град“ создава простор за промоција на демократските вредности. Со употреба на културата и уметноста, учесниците на фестивалските настани се охрабруваат да ги искажат своите погледи и ставови и да се здружат заедно за да го зајакнат конструктивниот јавен дискурс.
Четиридневниот фестивал се одржува секоја година во јуни на различни локации на главната улица Широк сокак во Битола и вклучува улични концерти, уметнички инсталации и изложби, јавни дискусии за важни општествени прашања, како и работилници за граѓански ангажман.
Фестивалот служи како важна платформа за многумина уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации, да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми преку културни активности.
