ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Кризен Центар „Надеж“

Мисија
Кризен центар „Надеж“ континуирано работи на застапување, едукација и директна поддршка за прекин на кругот на насилство врз жените и семејното насилство, преку менување на индивидуалните и општествените уверувања, ставови и однесувања кои го генерираат истото.
Визија
Кризен центар „Надеж“ е одржливо и специјализирано здружение на граѓани за превенција и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. Здружението нуди сеопфатен пакет на услуги за поддршка со соодветен квалитет, има дата база на податоци и експертиза за застапување во насока на унапредување на законите и политиките.
Нашето делување значајно допринесува кон зголемување на безбедноста во општество во кое постои надеж за остварување на човечките потенцијали во живот ослободен од насилство.
Област на делување
- Социјална дејност
Целни групи
- Жени, девојки, млади, деца и жртви на семејно насилство
Цели
- Целта на организацијата е да се обезбеди превенција, заштита и згрижуваање од семејно насилство, да се даде психо-социјална, правна и друга помош и поддршка, како и едукација на жени, девојки, деца и млади и жртви на семејно насилство за превенција, заштита и борба против семејното насилство
Активности
- http://krizencentar.org.mk/index.php/zanas/proektiiaktivnosti
Претседател
- Верка Угриновска
Сите членови на управен одбор
- Верка Угриновска
- Маја Дилберова
- Зорица Иваноска
- Александра Ковалевска Миленковска
- Јулка Трајковиќ
- Фана Крстева
- Никица Кусиникова
- Сузана Филиповска
- Фросина Ивановска
- Славко Ивановски
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | ||
2014 год. | http://krizencentar.org.mk/index.php/zanas/godisniizvestai | |
2015 год. |
Кризен Центар „Надеж“ работи континуирано на проблемот со семејното насилство, односно, превенција, заштита и згрижување на жртви на семејно насилство. Националната СОС линија е бесплатна, достапна за целата територија на Р.Македонија и 24 часа седум дена во неделата. Информациите што се споделуваат на СОС телефонот се доверливи и се внимава на зачувување на приватноста. На линиите работи персоналот на Кризен Центар Надеж, односно обучените волонтери и супервизори кои во зависност од природата на повикот ги упатуваат жртвите или потецијалните жртви на семејно насилство кон понатамошните чекори и мерки за заштита во зависност од нивните потреби и во согласност со нивниот интерес. Персоналот е добро обучен за работа во кризни ситуации, слушање и комуникациски вештини, ресурси на заедницата, родови, религиозни и културни прашања. Преку СОС линијата жртвите на семејно насилство добиваат поттикнување и емоционална поддршка, посветено доволно време за сослушување, информирање и едукација за видовите на семејно насилство, законски права и слободи, начинот на итна заштита при насилство, кризно советување, упатување и помош. СОС линијата претставува мост кој ги поврзува жртвите со другите институции на системот кои се потребни во понатамошната заштита и затоа таа е првиот чекор до побезбеден живот.

Очекувани резултати
- 800 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветно упатување;
- Згрижени 35 жени и 10 деца жртви на семејно насилство во период од 24-48 часа.
Волонтери
- 5 лица х 12 месеци х 15.000 / 900.000 МКД