ФИЛАНТРОПИЈА / ЕДУКАЦИЈА
Младинска Асоцијација ИМКА - Битола
Мисија
ИМКА Битола работи со младите луѓе на нивниот личен телесен, умствен и духовен развој преку нудење на можности за негување одговорност, поттикнување креативност и славење на разноликоста на целата Божја креација.
Визија
ИМКА Битола е почитувана локална организација која нуди можности кои ги оспособуваат младите луѓе да одговорат на предизвиците на постојано променливата иднина со поголема храброст, мудрост и љубов.
Област на делување
Неформално образование на млади
Целни групи
Млади, деца
Цели
- Главна цел на Здружението е да развива активности и можности во сферата на неформалното образование, промовирањето на здрави животни навики, културата и уметноста, и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности и поведенија кај младите луѓе
Активности
- Ние работиме на активности од јавен интерес: неформално образование, култура и уметност, здрави животни навики, граѓанско општество и детски права. Активностите ги реализираме во форма на: обуки, семинари, работилници, кампови, фестивали, меѓународни студиски посети и други активности. Работиме на локално, но и на меѓународно ниво
Претседател
- Виктор Илиев
Директор
- Виктор Илиев
Сите членови на управен одбор
- Од 2011 имаме спојување на УО и ИК со оглед на тоа што истите во главно постоеја само на хартија и не беа практично спроведливи. Во иднина е можно повторно раздвојување доколку се појави потреб
Сите членови на извршна канцеларија
- Виктор Илиев
- Елена Ѓ.Костадиновиќ
- Павлина Велјановска
- Тодор Ивановски
- Јовче Крстески
- Маја Ивковска
- Марија Робе
- Марија Димовска
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 3.449.243 МКД | 2.520.403 МКД |
2014 год. | 2.041.945 МКД | 1.545.691 МКД |
2015 год. | 3.066.428 МКД | 2.190.254 МКД |

Проблем или потреба во заедницата
- Од независноста на Македонија во 1991 год. неформалното образование во Македонија се стреми да ги поттикне граѓанската одговорност, индивидуализмот, демократските вредности и волонтерството кај нејзините граѓани. Граѓанскиот активизам започнува на рана возраст, но многу студенти немаат доволно вон-наставни активности во нивните училишта или во нивните заедници за да се вклучат во вредностите кои се потребни да се негуваат за да фатат тек со новото време.
Покрај тоа, како резултат на бројните различните култури, етнички и социо-економски услови во Македонија, многу стереотипи и предрасуди се закануваат за длабоко да се подели општеството во Македонија. Многу од студентите ретко имаат можност да комуницираат со другите од различни сфери на животот, што придонесува за да се погрешно информирани и да постојат искривени ставови за другите. За да се надминат овие стереотипи, на студентите мора да им се даде можност уште на рана возраст да комуницираат со нивните врсници од сите заедници, како еднакви.
Очекувани постигнувања од проектот
- Кампови ИМЛП (Young Men’s Leadership Project) и ГЛОУ (Girls Leading Our World) се наменети за развој на средношколците во млади лидери преку неформално образование, фокусирајќи се на теми како што се социјална инклузија, личен развој, родовата еднаквост и демократија. Така, овие летни кампови им обезбедат на студентите можност да се преиспита нивната улога во општеството и да се обезбеди платформа преку која тие можат да продолжат да бидат активни во нивните заедници.Покрај тоа овие кампови ги покануваат младите луѓе од цела Македонија од сите етнички, социо-економски и географски заедници. Овие кампови дејствуваат како можност за средношколците да ги надминат етничките и културните стереотипи и предрасуди, кои обично се погрешно информирани и со искривени погледи. Со спојување на младите од секоја заедница, овие кампови се надеваат дека ќе го решаваат ова прашање.Кампот ГЛОУ, исто така, има за цел да ги едуцира камперите за значајни проблеми со кои се соочуваат жените во Македонија. Тоа е како резултат на недоволната застапеност на жените во владата, на свеста за правата на жените, семејното насилство, трговијата со луѓе и здравјето на жените.Преку настава фокусирана во неформално образование на отворено, ИМЛП и ГЛОУ ги учат учениците на основите на лидерството, потребата за граѓанска одговорност, важноста на грижата за животната средина, и вештини за личен развој и еманципација. Секој камп трае 2+8 дена во планините на Крушево и придобивки имаат вкупно 200 млади луѓе од Македонија, кои потоа ги носат своите стекнати вештини онаму од каде што доаѓаат во 20 локални клубови во кои се вклучени дополнителни 300 студенти.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- Вкупен буџет на програмата е 40.000 долари. Сумата ја собираме преку целата година со фокус на периодот ноември-март секоја година. Моментално имаме отворена краудфундинг кампања: http://ymcabitola.org.mk/archives/event/first-annual-community-fundraising-drive-for-glow-and-ymlp-camps?instance_id=2306