ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Здружение за унапредување на условите за грижа и сметување на стари и изнемогнати лица Хуманост - Скопје

Мисија
Унапредување на условите за подобар и поквалитетен живот на лицата во социјален ризик.
Визија
Поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик.
Област на делување
Социјална заштита и едукација
Целни групи
Стари , млади и лица во социјален ризик
Цели
- Стратешка цел 1: Развивање на формите на вонинституционални социјална заштита на стари и изнемогнати лица.;
- Стратешка цел 2: Едукација на асистенти за нега на стари лица во домашни услови;
- Стратешка цел 3: Креирање на политики за лицата во социјален ризик;
- Стратешка цел 4: Јакнење на капацитетите на младите;
- Стратешка цел 5: Промовирање на социјално претприемништво;
- Стратешка цел 6: Вмрежување на Хуманост.
Активности
- Сервис за нега на стари лица во домашни услови;
- Едукација на негуватели/ки за нега на стари лица;
- Организирање на обуки за первенција на лицата во социјален ризик;
- Обуки за потикнување на активно граѓанско учество;
- Обуки за стекнување на животни вештини, вработување и застапување;
- Превземање на акција за социјална инклузија на старите лица;
- Потикнување на социјалното претпримништво;
- Едукативни програми за поддршка на претприемачки идеи и развој на социјално претприемништво;
- Партиципативност на младите во процесот на креирање на политики на локално и национално ниво од кои се директно засегнати;
- Aктивно учество во креирање на политики што директно влијаат на лицата во социјален ризик;
- Подготовка на локални планови за унапредување и отварање на социјални сервиси за лицата во социјален ризик;
- Промовирање на активно стареење.
Претседател
- Димитар Павловски
Директор
- Сашко Јованов
Сите членови на управен одбор
- Димитар Павловски
- Маријана Андриќ
- Благица Галева
Сите членови на извршна канцеларија
- Сашко Јованов
- Весна Лазоровска
- Емилија Робановска
- Елена Илиевска
- Мери Пвловска
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 2.275.035 МКД | 2.146.473 МКД |
2014 год. | 1.004.366 МКД | 1.001.448 МКД |
2015 год. | 2.485.396 МКД | 2.093.912 МКД |
Обука за асистенти за грижа на стари лица

СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 300.000 МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци
Проблем или потреба во заедницата
- Како резултат на процесот на демографско стареење се поголем е бројот на стари лица, кои имаат потреба од помош и нега во домашни услови. Искуствата покажуваат дека се поголем е бројот на семејства кои во обезбедувањето грижа и нега за своите страри и немоќи членови, имаат потреба од ангажирање на професионални и сертифицирани Негуватели/ки за грижа на стари лица во домашни услови.
Следејќи ги соверемените трендови Здружението Хуманост изработи програма, која е верифицирана од страна на Цетарот за образование на возрасни и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија
Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и вештини за ефикасна грижа на стари лица. По завршување на едукативниот дел со времетраење од 4 месеци, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат Негувател/ка на стари лица во домашни услови.
Очекувани постигнувања од проектот
- Учесниците кои ќе бидат дел од оубуката (15 учесници) ќе бидат долгорочно невработени лица и лица во социален ризик кои по завршувањето на оваа 4 месечна обука ќе се стекнат со професионални вештини и сертификат и истите во иднина би се вработиле во нашето социално претпријатие ( сервис за нега на стари лица во домашни услови)
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- 300 000 денари