ФИЛАНТРОПИЈА / ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА
Здружение ХОПС - Опции за здрав живот - Скопје


Мисија
Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здавјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.
Визија
Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Област на делување
Човекови права, здравство, социјална заштита, маргинализирани заедници
Целни групи
- Лица кои употребуваат дроги, сексуални работници/чки, членови на нивни семејства;
- Професионалци (здравствени работници, социјални работници, полиција, студенти);
- Донесувачи на одлуки и клучни институции.
Цели
- Социјално вклучување на сексуалните работници, корисниците на дрога и членови на нивните семејствата;
- Подобрена социјална и економска состојба на корисниците на дроги, сексуалните работници и другите маргинализирани заедници, како и подобрен здравствен и психосоцијален статус;
- Систематизација и анализа на податоци за потребите на маргинализираните заедници и влијанието на постоечките политики и стратегии;
- Креирани алатки и препораки за подготовка и спроведување на хумани и ефективни политики, програми и стратегии за областите на делување на ХОПС;
- Зајакнати капацитети на донесувачи на одлуки, професионалци и НВОи во однос на принципите, знаењата и практиките за работа со маргинализирани заедници и промоција на нивните права;
- Развиена функционална програма за едукации и консултантски услуги во областите на делување на ХОПС;
- Почитување на човековите права и афирмација на позитивни и недискриминирачки политики и пракси;
- Овозможување еднаков пристап до правдата.
Активности
- Давање услуги (здравствени, социјални, правни и психосоцијални) во дроп ин центри (повеќе услуги под еден кров) и на терен, едукации, истражувања, застапувања за промоција, заштита и унапредување на правата на ранливите граѓани
Директор
- Христијан Јанкулоски
Сите членови на управен одбор
- Славица Гајдаѕис Кнежевиќ
- Мариа Доневска
- Никица Кусиникова
- Александар Крстески/span>
- Зоран Бојаровски
Сите членови на извршна канцеларија
- Влатко Деков
- Силвана Наумова
- Ивана Андреески
- Вања Димитриевски
- Аница Димовска
- Воскре Наумоска Илиева
- Стефан Стефанов
- Васка Колевска Костовска
- Билјана Маџар
- Ивица Цековски
- Ирена Јовановска
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 26.259.344 МКД | 25.182.925 МКД |
2014 год. | 40.817.579 МКД | 30.355.131 МКД |
2015 год. | 41.868.584 МКД | 33.988.765 МКД |
Проблем или потреба во заедницата
- Социјална исклученост на децата кои потекнуваат од ранливи категории на семејства, првенствено чии родители се луѓе кои употребуваат дроги
Очекувани постигнувања од проектот
- Овозможување катче во кое овие деца ќе можат да учат, да се развиваат и забавуваат, како и за секое друго дете;
- Одржување на програмата, збогатување на активностите кои ќе им овоможат на децата да учат и да напредуваат;
- Проширување на програмите кои ќе им помогнат во развојот на нивните способности и креативност.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- 60.000 денари