fbpx

ФИЛАНТРОПИЈА / ОСТАНАТИ ТЕМИ

Здружение за хумано домување Хабитат

logo-Habitat_monohromat

Мисија и Визија

Хабитат Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин ние им овозможуваме напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот. На оваа група сиромашни лица ние им обезбедуваме експертиза за градба како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на бескаматниот кредит. Во настојувањето да го збогатиме и подобриме животот на нашите партнер – семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија сме водени од четири суштински вредности – посветеност, почитување, интегритет и надзорство (грижа).

Област на делување

Домување, енергетска ефикасност, права на домување

Целни групи

Семејства со ниски примања, маргинализирани и ранливи групи

Цели

  • Обезбедување на едноставно, пристојно и пристапно решение за домување;
  • Елиминирање на супстандардното домување во Македонија.

Активности

  • Реновирање на супстандардни домови;
  • Енергетска ефикасност за станбени згради;
  • Права на домување кај маргинализирани групи, застапување и лобирање;
  • Изградба на нови домови за семејства со ниски примања;
  • Промоција на волонтерство.

Претседател

  • Тетјана Лазаревска

Директор

  • Зоран Костов

Сите членови на управен одбор

  • Тетјана Лазаревска
  • Ангелка Пеева Лауренчиќ
  • Диме Велковски
  • Николаки Миов
  • Огнен Малески
  • Tоме Груевски
  • Бардул Марку

Сите членови на извршна канцеларија

  • Зоран Костов
  • Лилјана Алчева
  • Зоранчо Димитров
  • Венда Аџиева
  • Билјана Ставревска
  • Бојан Цветковски
  • Ангелина Николова
  • Розалија Карчицка Василевска
  • Фросина Илиевска
  • Теодора Гурмешева
  • Арбена Палоши Мемети
  • Андреј Апостолски
  • Жарко Тодоров
  • Калина Сејфула
  • Рилинд Јегени
  • Емил Махмутовиќ
  • Сања Стефановска Гиноска
  • Анета Бошковска
  • Маја Поповска

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 64.584.131 МКД 51.266.045 МКД
2014 год. 50.188.457 МКД 37.082.940 МКД
2015 год. 51.848.300 МКД 37.994.500 МКД
Опис на проектот
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 25.000 EUR
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци

Проблем или потреба во заедницата

  • Потрошувачката на енергија во Македонија е висока, скапа, еколошки нессодветна и неефикасна, а во најголема мера енергетската потрошувачка на домаќинствата отпаѓа токму на електрична енергија. Официјалните податоци укажуваат дека 44% од целата енергија во Македонија се консумира од страна на домаќинствата и секторот на услуги, а потрошувачката на енергија во домаќинствата е 4 пати поголема од просекот во развиените европски земји. Овој проект има за цел да го трасира патот кон користење на електрична енергија од обновливи извори во резиденцијалниот сектор (каде за разлика од индустрискиот, се забележуваат многу малку напори за користење на обновливи извори на енергија) и со тоа да создаде услови за намалување на потрошувачката, да придонесе кон заштитување на животната средина и да создаде заштеда за домаќинствата.

Очекувани постигнувања од проектот

  • Со поставување на соларни панели на една станбена зграда се очекува да се соберат информации за исплатливоста на инвестицијата;
  • Постигнатата заштеда на електрична енергија;
  • Заштедата за домашниот буџет;
  • Времетраењето на повратот на инвестицијата;
  • Потенцијалот за инвестиции;
  • Заработка во овој дел од пазарот.

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • За реализација се потребни 25.000 евра од донатори, со тоа што овој буџет ќе биде поддржан и со средства од Хабитат Македонија која ќе вложи во пилот проектот за воведување на соларни панели во станбени згради.