ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Мрежа за финансиска одржливост на ГО

Јавен повик до граѓански организации

за членување во мрежа за финансиска одржливост

                Проектот Промени за одржливост финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика  воспостави мрежа на граѓански организации (ГО) што делува за подобрување на околината за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор.

                Се повикуваат  сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации да учествуваат во работата на мрежата.

Мрежата за финансиска одржливост на ГО е неформална коалиција за застапување за промени во регулативата што се однесува на даночниот третман и финансиското работење на ГО. Со целосна поддршка на проектот мрежата застапува за поволни промени во следните области:

  • Даночниот третман на ГО;
  • Даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес;
  • Сметководствениот систем за непрофитни организации;
  • Статусот на ГО како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување;
  • Социјално претприемништво и модели на финансиска одржливост.

Мрежата е отворена за широко  учество на ГО со различни мисии и нивоа на развој. Членството на мрежата е организирано во две нивоа и тоа:

  • Ниво за застапување– соодветно за организации со капацитет и искуство во застапување, анализа на јавни политики и/ли со специфична експертиза од областите на интерес на мрежата. Ќе се очекува организациите од ова ниво директно да се вклучат во обмислувањето и реализацијата на активностите за застапување;
  • Ниво за поддршка– соодветно за организации што од различни причини не се во можност директно да се вклучат во активностите, но ја поддржуваат мрежата и се вклучуваат во активностите. Ова ниво на членство е особено погодно за малите локални (грас-рут) организации и за ГО што ќе имаат корист од размената на информации и искуства.

Без оглед на нивото, сите членки имаат исти права и можности за учество во телата и активностите на мрежата. Овозможено е менување на нивото на членство по потреба и барање на членките. За покана за пристапување кон членство организацијата треба да задоволува сите критериуми за подобност и еден или повеќе од специфичните критериуми за соодветното ниво наведени во формуларот за пријавување интерес.

Заинтересираните граѓански организации се повикуваат да пратат целосно пополнет формулар (превземете тука) и документи за поткрепа (ако е применливо) до здружение Конект во електронска форма на konekt@konekt.org.mk и во хартиена верзија во канцелариите на ул. „Владимир Полежиновски“  19-1/6, 1000 Скопје. За повеќе информации јавете се на 02/ 3224 198.

По процесот на проверка на формуларите организациите ќе бидат информирани и ако е соодветно ќе им биде доставена официјална пристапница кон мрежата. Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации.

Други документи:

Прочитај повеќе за последните новости:

Список на досегашни членки (107)

Број Назив на организација
1 Здружение за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје
2 Младинска Асоцијација ИМКА Битола
3 Здружение Центар за истражување и информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ Скопје
4 Здружение Глобал Битола
5 Здружение за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ
6 Здружение за развој и иновации на библиотеки Инова Либ
7 Младински културен центар – Битола
8 Центар за општествени истражувања и развој – ПРИЗМА
9 Рурална Коалиција – Куманово
10 СОС Детско село Македонија
11 Транспарентност Македонија
12 Центар за граѓанска иницијатива
13 Центар за истражување и креирање политики
14 Здружение за развој – Центар за управување со промени
15 Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес
16 Центар за оджрлив развој ЕЛИПСА
17 Институт за човекови права
18 Новинари за човекови права
19 Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола
20 „АГОРА“ Центар за промовирање на граѓански вредности
21 Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје
22 Центар за даночна политика Скопје
23 Центар за економски анализи- Скопје
24 Здружение на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија
25 Коалиција за одржлив развој- Скопје
26 Фондација Аполонија
27 Фондација за развој на локална заедница Штип
28 Фондација отворено опшество- Македонија
29 Македонски центар за меѓународна соработка
30 Македонско здружение на млади правници
31 Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија Скопје
32 Здружение на граѓани ЗИП ИНСТИТУТ за политики и добро владение Скопје
33 Ромска Асоцијација за Жени и Млади -ЛУЛУДИ
34 Отворете ги прозорците
35 Јустиција
36 Асоцијација на економски истражувачи
37 Здружение – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО
38 Евротинк
39 Еколошко друштво РОСА
40 Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник
41 Здружение “ИЗВОР“ Кратово
42 Здружение Институт за Проектен Менаџмент и Развој ИПМР-Скопје
43 Здружение институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово
44 Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
45 Г.О. Зелената арка
46 Здружение на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници”Гласен Текстилец”
47 Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија Женска акција Радовиш
48 Здружение „Надеж – Норе“
49 Здружение на граѓани ЕКОВИТА
50 Здружение за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушување СИНА СВЕТУЛКА
51 Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово
52 Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес , Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ Велес
53 Организација на жените на општина Свети Николе
54 Профицио
55 Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес
56 Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ
57 ЗГ Културна ризница
58 Институт за социолошки и одржлив развој
59 Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија
60 Лулка-Здржение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Скопје
61 Организација на жените на Општина Велес
62 Асоцијација за едукација МЛАДИ ИНФО ИНТЕРНАЦИОНАЛ Скопје
63 Здружение за меѓугенерациска солидарност ДОБЛЕСТ
64 Граѓанска Организација за унапредување на права на еднородителски семејства Една може!
65 Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола
66 Mакедонски центар на Интернационален Театарски Институт/ПРОДУКЦИЈА
67 Здружение за одржлив развој СФЕРА Македонија
68 Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија
69 Finance Think
70 Храна за сите-Банка за храна Македонија
71 Институт за демократија „Социетас Цивилис„- Скопје
72 Здружение СВЕТ ЗА СИТЕ Скопје
73 Здружение на социјални работници на Македонија
74 ГЛАМ Македонија Скопје
75 Центар за едукација и развој
76 Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
77 АСОЦИЈАЦИЈА МИСЛА – Скопје
78 Зето-Стар Скопје
79 Здружение на производители на органска храна „Биовита“
80 Здружение против дискриминација ЖЕНСКА СИЛИДАРНОСТ Ресен
81 Романистан
82 Хендмејд арт
83 Фолклорна низа
84 Африел-позитива
85 Авaв хепи дог
86 Мултикултура
87 Зрак
88 Бравура кооператива
89 Арт Еквилибриум
90 Аксиос
91 Нел
92 ПХ Момент плус
93 Арт Еквилибриум
94 Здружение на граѓани „Дон Кихот 95“ Гевгелија
95 Ансамбал за традиционалана музика и игри БОИМИЈА Гевгелија
96 Инова лаб
97 Гоу Грин
98 Прв скопски извиднички одред
99 ЛАГ Преспа
100 Македонска асоцијација за применета психологија СИМБОЛИКУМ Скопје
101 Здружение за културна соработка Интеркултура
102 Еко Партнерс
103 Хуманитарно и добротоворно здружение на Ромската Интелигенција
104 Актив за независна иницијатива – АНИ – Штип
105 Регионален центар за одржлив  развој –РЦОР Кратово
106 Отворен свет
107 Реалност

 

 

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА КОМПАНИИ 

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ 02.12.2019