ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ
Фондација "Аполонија" - Гевгелија

Мисија
Поддржува и спонзорира образование, културно наследство, грижа за животната средина и проекти коишто им помагаат на поединци, групи, општества и институции за унапредување на нивните активности за подобрување на целокупната заедница. На тој начин, ја исполнува заложбата да им служи и да ги унапредува заедниците во коишто дејствува и да презема одговорност како граѓанин.
Визија
Област на делување
- Образование;
- Култура;
- Заштита на животната средина;
- Помош на лица со посебни потреби.
Целни групи
- Фондацијата „Аполонија“ нема целна група
Цели
- Да им помогне на поединци, групи и институции во унапредување на нивните активности за подобрување на целокупната заедница
Активности
- Проект „Ден со природата“;
- Социјализација и вклучување во општеството на лицата со посебни потреби;
- Волонтерски центар.
Претседател
- Мариа Клинг
Директор
- Ацо Ристовски
Сите членови на управен одбор
- Милица Стојанова
- Ѓорге Улишев
- Јордан Јанев
- Александра Ќаева
- Лазар Николов
- Митко Крџев
Сите членови на извршна канцеларија
- Снежана Сарамандова
- Анита Гошевска
- Зорица Костовска
- Алан Корс – Волонтер од Американскиот Мировен корпус во Македонија
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 1.472.328 МКД | 1.372.891 МКД |
2014 год. | 5.383.732 МКД | 5.327.040 МКД |
2015 год. | 1.899.991 МКД | 1.860.386 МКД |
Паметна табла
СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 186.558 МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци
Проблем или потреба во заедницата
- Планираме отворање на центар за обука во просториите на фондацијата „Аполонија“. За таа цел потребна ни е нова опрема која ќе може да се користи од страна на сите организации, училишта, јавни институции кои би сакале да организираат предавања во просториите на Аполонија. Станува збор за интерактивна табла – Smart Board со која предавањата би биле интересни и интерактивни
Очекувани постигнувања од проектот
- Посовремена технологија и начин за полесно презентирање, како и поинтересни и поинтерактивни модули за работа
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- 186.558 денари