ФИЛАНТРОПИЈА / ЖИВОТНА СРЕДИНА
Здружение еколошко друштво Планетум


Мисија
Заштита и унапредување на животната средина преку решавање на прашања и проблеми поврзани со отпадот, развојот на алтернативниот туризам, и урбаниот развој.
Визија
ЕД Планетум е број еден еколошка самоодржлива организација во Македонија и во регионот со формирано свое еко-социјално претпријатие, со вработени лица кои се специјализирани за решавање на различни проблеми од областа на заштита и унапредување на животната средина.
Област на делување
Животна средина
Целни групи
Општа целна група
Цели
- Управување со отпад;
- Развој на алтернативни форми на туризам;
- Урбан развој.
Активности
- Истражувања и анализи за видови и количини на одредени видови на отпад во регионот;
- Едукација на населението за видовите на отпад и начините на негово селектирање;
- Подобрување на инфраструктурата за управување со отпад;
- Еко-социјално претпријатие за собирање, транспортирање, доработка /рециклажа на одредени видови на пластичен отпад (PET, HDPE, LDPE, PP);
- Едукација на населението од различни целни групи за можностите за развој на еко-туризмот;
- Подобрување на инфраструктурата преку обележување и изградба на еко-патеки;
- Изработување на зеднички документи за развој на еко-туризмот во регионот;
- Организирање на студиски посети, младински кампови, настани на сите три страни од границата (Р.Македонија, Р.Бугарија, Р.Грција);
- Озеленување и уредување на места за игра и релаксација;
- Озеленување и уредување на деградирани површини;
- Искористување на отпадни материјали во изработка на одредени елементи за уредување и релаксација на зелени површини;
- Зачувување на водата како природен ресурс преку реконструкција на стари бунари.
Претседател
- Александар Лазаров
Сите членови на управен одбор
- Александар Лазаров
- Илинче Кочева
- Митко Шопов
- Катерина Аџи-Скерлева
- Славчо Георгиев
Сите членови на извршна канцеларија
- Александар Лазаров
- Катерина Аџи-Скерлева
- Ленче Јанакиева Цицимова
- Митко Шопов
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 3.950.708 МКД | 3.950.708 МКД |
2014 год. | 3.643.061 МКД | 3.643.061 МКД |
2015 год. | 4.057.325 МКД | 4.057.325 МКД |
Стоп за дивите депонии

Проблем или потреба во заедницата
- На регионалниот пат Струмица – Вељуса близу до селото и Водоча и до манастирот Св. Леонтиј се наоѓа дива депонија која егзистира подолг временски период. Овој пат е од големо значење, бидејќи води до двата најпознати манастири во општина Струмица (Водоча и Вељуса) кои се посетени од голем број на туристи, а оваа депонија остава грда слика за нас како луѓе, како општина и како регион.
Очекувани постигнувања од проектот
- Информирани и едуцирани жителите од блиските населени места за нефрлање на отпад на оваа дива депонија;
- Подобрена инфраструктура за отпад (поставени контењери за отпад и табли за предупредување);
- Уредена и озеленета дива депонија.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- Потребни средства за реализација: 12.000 Евра, 20 волонтери и 4 месеца кампања за прибирање на средства.