fbpx

ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Црвен крст на град Скопје

logo

Мисија

Подобрување на животот на ранливите категории лица и помовирање на хуманитарните вредности и хуманитарното право.

Визија

Нашето работење втемелено врз универзалните принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливото население.

Област на делување

Хуманитарна организација

Целни групи

Ранливи категории на население, млади, стари лица и др.

Цели

  • Основна цел на Црвениот крст на град Скопје е подобрување на животот на најранливите категории лица на градско, државно и меѓународно ниво, изложени на најголем ризик да живеат со минимална социјална и економска сигурност и човечко достоинство, без дискриминација на националност, раса, пол, вера, јазик, опшествена положба и политичка определба

Активности

  • ЦК на град Скопје е активен во следниве области: здравствено-превентивна дејност, крводарителство, прва помош, социјално хуманитарна дејност, подготвеност и дејствување при катастрофи, дисеминација и ПХВ, меѓународна соработка, млади и информирање

Претседател

  • Стефан Тодоров

Директор

Сите членови на управен одбор

  • Стефан Тодоров
  • Ирфан Аземов
  • Бране Стефковски
  • Насер Ајрулахи
  • Снежа Трајковска
  • Слободан Зечевски
  • Софка Димитрова
  • Биљана Јовановска
  • Зоран Ефремов
  • Ваит Мустафа

Сите членови на извршна канцеларија

  • Секретар
  • Претседател на здружението

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 54.564.993 МКД 54.371.871 МКД
2014 год. 50.283.173 МКД 50.271.917 МКД
2015 год. 111.795.370 МКД 108.323.985 МКД
Пункт за бездомници

Во Црвениот крст на град Скопје, од отварањето на Пунктот за бездомници па до денес се евидентирани вкупно 190 бездомници кои го посетиле пунктот. Овие лица живеат под ведро небо, спијат на клупи, по паркови, во гаражи, под мостови и најчесто потекнуваат од семејства со нарушени семејни односи. Во Скопје не постои место каде бездомните лица можат да преспијат во текот на ноќта свен во екстремно ниски температури кога Црвен крст ги отвара вратите на Привременотот прифатилиште во Момин Поток. Оттаму потребата ова прифатилиште да биде отворено во текот на целата година за преспивање.
Времетрањето на кампањата би зависело од динамиката и активностите кои би ги организирале.

СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 10.000 EUR
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци