ФИЛАНТРОПИЈА / ЕДУКАЦИЈА
Фондација за културни и образовни иницијативи „Чекор по чекор“


Мисија
Мисијата на Фондацијата „Чекор по чекор” е да спроведува програми кои го унапредуваат образованието и културата како клучен фактор за образовен, културен, економски и социјален развој. Фондацијата реализира програми во соработка со образовни и културни институции од земјава и странство, поддржува иновативни пристапи и стреми кон квалитетно образование за децата да го остварат својот целосен потенцијал.
Визија
Област на делување
Образовaние, култура и социјална инклузија
Целни групи
Деца од предучилишна и училишна возраст, наставници, претставници на стручните служби и директори на преучилишни и училишни установи, родители, деца и семејства од социјално загрозени групи, професори и студенти на педагошките факултети и др.
Цели
- Поттикнување на демократските процеси во образованието на децата, младите и возрасните;
- Градење партнерски односи со сите заинтересирани страни;
- Промовирање и поддржување современи образовни иницијативи;
- Застапување за постојан професионален развој на просветните работници;
- Зајакнување на јавната свест за потребите на децата Роми и децата од ранливите групи.
Активности
- Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство (http://www.stepbystep.org.mk/mk/proekt-ral);
- Проектот „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“ (РЕАДЕ) (http://www.stepbystep.org.mk/mk/proekt-zajaknuvanje).
Претседател
- Сузана Пецаковска
Директор
- Сузана Киранџиска
Сите членови на управен одбор
- Сузана Пецаковска (претседател на УО)
- Небојша Мојсоски
- Бардил Јашари
- Сузана Киранџиска
Сите членови на извршна канцеларија
- Бранка Џајковска
- Викторија Димитровска
- Кристина Леловац
- Ана Димовска
- Даниел Димитриески
- Дени Стојанов
- Мајда Јошевска
- Мирослав Стојановиќ
- Дениз Сулејман
- Елена Мишиќ
- Лидија Божиќ
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 15.451.353 МКД | 15.451.353 МКД |
2014 год. | 21.179.340 МКД | 21.179.340 МКД |
2015 год. | 39.964.509 МКД | 31.591.420 МКД |
Предизвик
- Во голем број на основни училишта во Република Македонија, особено училишта во оддалечени рурални места и подрачни училишта, воопшто не постои училишна библиотека, а онаму каде таа постои, најчесто е со мал фонд на книги, наслови кои се застарени и неатрактивни за денешните ученици и инфраструктура која е нестимулативна и недоволно привлечна за кај учениците да се создаде здрава читачка култура
Решение
- Набавка и распределување на современа детска литература и мебел за читачки катчиња за 5 училишни библиотеки во подрачни училишта. Прифатливи се донации во финансиска форма (1000 евра за една училишна библиотека, 5000 евра за 5 училишни библиотеки), детски книги и мебел за читачки катчиња: полици, перници, ќебенца, мебел за седење