ФИЛАНТРОПИЈА / УМЕТНОСТ И КУЛТУРА
Центар за културно наследство АКСИОС

Мисија
Мисијата на Центарот на културно наследство – АКСИОС е да се поттикне општествената ( и институционална) одговорност за заштита и одржување на културното наследство и изнаоѓање умерени економски форми за негово самоодржување.
Визија
Област на делување
Oдржливо економско опстојување, развој и функционално користење на материјалното и нематеријалното, јазичното и духовното, движно и недвижно културно наследство.
Целни групи
Сите луѓе
Цели
- Создавање, развивање и спроведување на програми за одржливо економско опстојување, оживување, развој и функционално користење на материјалното и нематеријалното, јазичното и духовното движно и недвижно културно наследство;
- Создавање нови форми на културно наследство користејќи ги постојните, традиционалните;
- Обнова на старите занаети, фолклорната традиција, носии, обичаи, изворни мелодии, песни, јазично-книжевната традиција;
- Печатење книги, брошури и промотивен материјал за националното културно наследство;
- Изготвување наставни програми и проекти за запознавање на младите генерации со културното наследство;
- Подготовка и спроведување на научно-истражувачки проекти за проучување на културното наследство.
Активности
- Подготовка и псроведување на научно-истражувачки проекти;
- Обнова на старите занаети, фолклорната традиција, носии, обичаи, изворни мелодии, песни, јазично-книжевната традиција;
- Печатење книги, брошури и промотивен материјал за националното културно наследство.
Претседател
- Венета Иљовска
Директор
- Венета Иљовска
Сите членови на управен одбор
- Софија Грандаковска
- Матилда Петровска
- Венета Иљовска
Сите членови на извршна канцеларија
- Анке Клаин
- Сузана Иљовска
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 150.000 МКД | 149.400 МКД |
2014 год. | 84.800 МКД | 84.200 МКД |
2015 год. | 84.800 МКД | 84.200 МКД |

Проблем
- Да ја поддржиме рачната изработка на илустрации, која со развојот и употребата на комјутерските програми е наполно изумрена;
- Да создаваме однос кон сопствениот јазик, да ја негуваме и да ја развиваме убавината и богатството мајчиниот јазик. Истовремено, настојуваме да не бидеме далеку од современите текови, туку да понудиме и можност за читање на четива и на другите јазици (каков што е англискиот јазик, кој се изучува, исто како и мајчиниот, од мали нозе);
- Создавањето на ваква литература гради добра основа и можност, во иднина, младите читатели одлично да ги научат двата јазика и да изградуваат култура на изразување, пишување и преведување низ истите.
Потреба
Бараме финансиска поддршка во печатење на детска книга (од домашен автор, рачно илустрирана и обоена, на македонски и на англиски јазик) и нејзина промоција пред децата од предучилишна и училишна возраст (во градинките и училиштата).