ФИЛАНТРОПИЈА / СОЦИЈАЛНИ ТЕМИ

Здружение за меѓугенерациска солидарност ‘’ДОБЛЕСТ’’

doblest-logo

Здружението за меѓугенерациска солидарност ‘’ДОБЛЕСТ’’ е независно и непрофитно здружение на граѓани кое активно работи за поттикнување на меѓугенерациската солидарност и подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

Основа на нашето работење се концептите на активно стареење и меѓугенерациската солидарност врз кои се темелат сите активности предвидени согласно работната програма и стратешките области на делување. Примарниот мотив за основање на Здружението Доблест „Унапредување на квалитетот на живот и спроведување на соодветни демографски политики за старите лица“ е сеуште актуелен во нашето општество. Овој главен мотив во целост е инкорпориран во визијата и мисијата на организацијата, кои се многу јасно дефинирани и за нив се свесни сите наши конституенти

Мисија

Мисијата на организацијата е дефинирана како „Оптимизирање на можностите за социјална сигурност и инклузивност на старите лица“.

Визија

Визијата на организацијата гласи „Создавање на хумано општество со взаемна помош, поддршка и почит на различните возрасни групи за достоинствена старост на старите лица“.

Област на делување

  • Социјална заштита

Целни групи

  • Стари лица и нивните семејства

Цели

  • Зголемување на социјалната интеграција на возрасните лица во општеството;
  • Подигнување на свеста за потребата од меѓугенерациска солидарост (роднинска, соседска и волонтерска) и намалување на меѓугенерацискиот јаз;
  • Намалување на стереотипите и предрасудите на старите лица;
  • Поттикнување на учеството на старите лица во заштитата и промовирањето на традицијата, обичаите и културата на територијата на Р.Македонија;
  • Информирање и едуцирање на старите лица и нивните семејства, за правата, услугите кои старите лица можат да ги остварат во системите на социјална заштита;
  • Јакнење на свеста за спречување на злоупотреба и насилство на старите лица;
  • Охрабрување на процесот на активност и соработка на државно и меѓународно ниво, за унапредување на механизмите за имплементација и заштита на правата на старите лица;
  • Стекнување на акредитација за сертифицирање на кадар (лица) за грижа на стари лица;
  • Унапредување и имплементација на националните политики за стари лица согласно европските стандарди и политики;
  • Развивање на нови форми за вонинституционална грижа на стари лица.

Реализирани проекти

  • Ние сме Ваши гости и Ваши домаќини Март2014-Декември 2015-06-15;
  • Од младите за старите-Април 2015-Септември 2015;
  • Ние сме со ВАС-Мај 2015-Ноември 2015.

Дел од реализираните кампањи

  • На КАФЕ со ДОБЛЕСТ (настан наменет за домовите за стари лица, Април 2015);
  • Мисли позитивно, живеј поквалитетно (Март 2015, опфатени 8 домови стари лица);
  • Магична еуфорија за ДОБРИНА (Декември 2014, опфатени 6 домови за стари);
  • Магична еуфорија за ДОБРИНА (Декември 2015, опфатени 3 здруженија кои работат со деца со посебни потреби и др. ранливи категории);
  • Магична еуфорија за ДОБРИНА ( Декември 2016, опфатени 2 дневни центри за деца со посебни потреби);
  • 100 дена среќни стари лица (Одбележување на Меѓународен ден на старите, опфатени 4 домови за стари лица Октомври 2014.

Печатени каталози

  • Како да им помогнеме на оние кои нам ни помогнале (Одбележување на недела за грижа на стари лица Ноември 2014);
  • Права на стари лица (Прв роденден на ДОБЛЕСТ, Февруари 2015).

Дел од реализираните акции

  • Хуманитарна акција-Донирање на алишта по повод Европски ден за меѓугенерациска солидарност;
  • Турнир во шах 2014 (размена на искуство помеѓу приватен и државен дом за стари лица).

Здружението нема вработени лица, членовите на ДОБЛЕСТ доброволно дават свој придонес во реализацијата на активностите. Единствен добиен грант имаме за проектот Ние сме со ВАС, за останатите активности дел се со минимална поддршка на бизнис секторот, другите од сопствен придонес на дел од членовите на ДОБЛЕСТ.

Нашето здружение спроведува најразлични хуманитарни активности кои се еднократни и истите вклучуваат најразлични работилници, прошетки, поддршка на други хуманитарни здруженија и сл. До сега имаме реализирано над 70 активности.

Во рамки на нашето здружението ја формиравме првата организирана форма на дејствување на домовите за стари лица, наречена Координативно тело, која во рамки на ДОБЛЕСТ работи активно за подобрување на квалитетот на нега во установите за социјална заштита на стари лица.

Претседател

  • Стојановска Ивана

Сите членови на управен одбор

  • Марија Шеган
  • Елисавета Гакова
  • Ивана Петковска
  • Љубиша Васев
  • Душанка Ѓорческа

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. / /
2014 год. 36.666 МКД 36.665 МКД
2015 год. / /
Онлајн магазин за стари лица
Online магазин за нега на стари

Потребна ни е финансиска поддршка за креирање на квартален едукативен и информативен магазин.

СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 36.000 МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци

Проблем или потреба во заедницата

  • Според пресметките и проекциите на Обединетите нации,секое десетто лице во светот е старо лице со возраст над 60 години. Според истите податоци, се очекува до 2050 година, секое петто лице да биде старо лице, со возраст над 60 години, а во 2150 година, секое трeто лице да биде со возраст над 60 години.
    Во креирањето на сликата за старото население, воопшто не изостанува и Република Македонија. Иако млада во својата независност, таа неодамна го помина прагот на демографската старост. Со 15% старо население над 60 години, на Пописот во 2002 година, Република Македонија го надминува коефициентот на старо население од 12%. Сето ова налага имплементирање на соодветни политики, стратегии и активности кои директно ќе влијаат на проблемите и потребите со кои се соочува старото население.
    Во Р.Македонија не постои online магазин ниту online инфо центар за стари лица со што постои голема неиформираност на семејствата и граѓаните за целокупната нега и грижа на старите лица, како и за остварување на нивните права. Со креирањето на едукативен електронски магазин ќе придонесеме за зголемување на информираноста кај семејствата за грижа на стари лица.

Очекувани постигнувања од проектот

  • Постигнување на задоволството е неизбежно од повеќе аспекти и кај поголем број контитуенти. Старите лица, семејствата и вработените во домовите се директните корисници кои веќе се детектирани како конституенти со најголема потреба и интерес од реализација на овој проект. Освен заинтересираните лица, на индиректен начин ќе вршиме запознавање и на останатата популација кои во моментов немаат потреба од ваков вид на грижа и нега. Овој проект претставува наша основа, која е од исклучителна важност да се постави на солидно ниво и понатаму истата би се доразвивала. Овој проект ќе ни овозможи да ги прилагодиме нашите информации согласно потребите на клиентите и ова искуство ќе го искористиме за формирање на инфо центар каде што ќе можат да не посетат семејствата, роднините кои имаат потреба од помош и нега на стари лица.

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • Потребни ни се вкупно 36.000 денари кои ќе бидат наменети за креирање на магазинот. Средствата ќе ги искористиме за превод на стручна литература, пишување на текстови и за дизајн на магазинот.
    Во електронскиот Магазин би имало информации за нашето здружение, активности кои сме ги реализирале, информации за остварување на одредени права, едукативни содржини за одредени здравствени проблеми/нивна превенција, содржини за нега на старите лица во домашни услови и др.
    За пример во прилог на овој меил ви испраќаме опис на проект на организација од Романија, којшто е објавен на слична платформа за донирање.