ФИЛАНТРОПИЈА / ОСТАНАТИ ТЕМИ

Локална Агенција за Развој - Струга

LDA-2016-MK

Мисија и Визија

ЛАР е граѓанска организација која се стреми да го подобри квалитетот на живот на граѓаните во регионот од југозападна Македонија, преку поддршка на локални акции, зајакнување на меѓуетничкиот дијалог и соработка, формирање на одржливи форми на туризам и промоција на волонтеризмот.
ЛАР Струга работи на остварување на милениумските развојни цели и ги застапува универзалните принципи за одржлив социо-економски развој, социјално вклучување на ранливите групи, родова рамноправност, меѓуетнички дијалог и соработка и заштита на животната средина.

Област на делување

Одржлив развој

Целни групи

Групи граѓани од југозапданиот регион, чинители од сферата на туризмот, млади, жители на рурални средини, невработени, припадници на помали етнички групи

Цели

  • Поддршка на интеркултурна соработка и меѓу-етнички дијалог;
  • Остварувањето на Милениумските Развојни Цели преку овозможување на подобар и еднаков пристап за социјално маргинализирани групи;
  • Регионален развој преку вмрежување со различни заинтересирани страни од регионот и преку-гранична соработка;
  • Намалување на разликата во развојот помеѓу урбаните и руралните средини во нашиот регион;
  • Подобрување на квалитетот на живот на жителите од југозападниот регион на Македонија;
  • Промоција на одржливи форми на туризам.

Активности

  • Организирање обуки, кампањи;
  • Зајакнување на капацитети на различни групи;
  • Јавни настани како изложби, претстави, фестивали.

Претседател

  • Јасминка Поповска

Сите членови на извршна канцеларија

  • Катерина Василеска
  • Кристина Василеска
  • Елена Михаловска

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 8.161.706 МКД 4.737.919 МКД
2014 год. 8.058.514 МКД 9.221.521 МКД
2015 год. / МКД / МКД