ФИЛАНТРОПИЈА / ЗДРАВЈЕ И ЗАШТИТА

Здружение ХОПС - Опции за здрав живот - Скопје

LOGO-HOPS-HORIZONTALNO-MKD.
Oznaka_za_doverba

Мисија

Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здавјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.

Визија

Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.

Област на делување

Човекови права, здравство, социјална заштита, маргинализирани заедници

Целни групи

  • Лица кои употребуваат дроги, сексуални работници/чки, членови на нивни семејства;
  • Професионалци (здравствени работници, социјални работници, полиција, студенти);
  • Донесувачи на одлуки и клучни институции.

Цели

  • Социјално вклучување на сексуалните работници, корисниците на дрога и членови на нивните семејствата;
  • Подобрена социјална и економска состојба на корисниците на дроги, сексуалните работници и другите маргинализирани заедници, како и подобрен здравствен и психосоцијален статус;
  • Систематизација и анализа на податоци за потребите на маргинализираните заедници и влијанието на постоечките политики и стратегии;
  • Креирани алатки и препораки за подготовка и спроведување на хумани и ефективни политики, програми и стратегии за областите на делување на ХОПС;
  • Зајакнати капацитети на донесувачи на одлуки, професионалци и НВОи во однос на принципите, знаењата и практиките за работа со маргинализирани заедници и промоција на нивните права;
  • Развиена функционална програма за едукации и консултантски услуги во областите на делување на ХОПС;
  • Почитување на човековите права и афирмација на позитивни и недискриминирачки политики и пракси;
  • Овозможување еднаков пристап до правдата.

Активности

  • Давање услуги (здравствени, социјални, правни и психосоцијални) во дроп ин центри (повеќе услуги под еден кров) и на терен, едукации, истражувања, застапувања за промоција, заштита и унапредување на правата на ранливите граѓани

Директор

  • Христијан Јанкулоски

Сите членови на управен одбор

  • Славица Гајдаѕис Кнежевиќ
  • Мариа Доневска
  • Никица Кусиникова
  • Александар Крстески/span>
  • Зоран Бојаровски

Сите членови на извршна канцеларија

  • Влатко Деков
  • Силвана Наумова
  • Ивана Андреески
  • Вања Димитриевски
  • Аница Димовска
  • Воскре Наумоска Илиева
  • Стефан Стефанов
  • Васка Колевска Костовска
  • Билјана Маџар
  • Ивица Цековски
  • Ирена Јовановска

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 26.259.344 МКД 25.182.925 МКД
2014 год. 40.817.579 МКД 30.355.131 МКД
2015 год. 41.868.584 МКД 33.988.765 МКД
Детско катче

СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ 60.000 МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци

Проблем или потреба во заедницата

  • Социјална исклученост на децата кои потекнуваат од ранливи категории на семејства, првенствено чии родители се луѓе кои употребуваат дроги

Очекувани постигнувања од проектот

  • Овозможување катче во кое овие деца ќе можат да учат, да се развиваат и забавуваат, како и за секое друго дете;
  • Одржување на програмата, збогатување на активностите кои ќе им овоможат на децата да учат и да напредуваат;
  • Проширување на програмите кои ќе им помогнат во развојот на нивните способности и креативност.

Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства

  • 60.000 денари