ФИЛАНТРОПИЈА / ОСТАНАТИ ТЕМИ

Женска граѓанска иницијатива АНИТКО Скопје

ANTIKO Logo

Мисија

Промоција на културата на мирот и ненасилството – подобрување на социо- економската положба на жените и постигнување на родова рамноправност преку поддршка и зајакнување на капацитети, влијание за креирање на политики и целосно спроведување на домашни и меѓународни инструменти за заштита на човековите/женските права.

Визија

Одржлив мир и развој – граѓанско oпштество кое обезбедува еднакви можности и ги почитува човековите права на сите граѓани без разлика на нивната полова, етничка, верска и секаков друг вид на различност.

Област на делување

Родови прашања

Целни групи

Жени и млади лица од маргинализирани групи и етнички заедници од локалните заедници на РМ

Цели

  • Градење на мирот и соживотот во заедниците и унапредување на човековите/женските права;
  • Постигнување на родовата рамноправност;
  • Унапредување на демократските процеси, плурализмот и цивилното општество.

Активности

  • Промоцијата на културата на мирот и ненасилството;
  • Социјална инклузија на жени од маргинализирани групи;
  • Зголемување на бројот на жени на пазарот на трудот и зајакнување на економската моќ на жените;
  • Применување на партиципативни модели на работа и дејствување, базирани на докази;
  • Поддршка за политичко зајакнување на жените;
  • Зголемување на влијанието за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на институциите на локално и централно ниво;
  • Поврзување, вмережување, потикнување и поддршка за развојот на итерсекторската соработка и социјалните партнерства помеѓу граѓанските организации и релевантните институции на локалните и централните власти;
  • Активизам за намалување на родовото и домашното насилство.

Претседател

  • Ѓунер Небиу

Директор

  • Ѓунер Небиу

Сите членови на управен одбор

  • Ѓунер Небиу
  • Даниела Михајловска
  • Кевсера Мемедова
  • Миде Неџипи
  • Надица Величковска
  • Весна Миркова
  • Гзиме Хајредини
  • Лирије Емини
  • Ѓултен Малик

Сите членови на извршна канцеларија

  • Ѓунер Небиу
  • Ирина Хаџи Митова
  • Нагиб Хасани

НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ

ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ

ГОДИНА ПРИХОДИ РАСХОДИ
2013 год. 4.459.395 МКД 3.842.128 МКД
2014 год. 1.475.452 МКД 789.417 МКД
2015 год. 2.498.296 МКД 2.316.315 МКД
16 дена активизам

ЖГИ АНИТКО континуирано работи на превенција и подигнување на свест за заштита на жртви од семејно и родово насилство. Секоја втора жена во РМ е жртва на психичко и сексуално насилство од сегашен или поранешен партнер, додека од 2014 година до ден денес во РМ има 16 фемицид случаеви. Овие алармантни бројки укажуваат дека потребата за кревање на свеста и превенцијата за насилството врз жените се уште постои. Со потенцијалните донирани средства, ЖГИ АНТИКО би организирала дополнителни активности во рамките на Кампањата за 16 дена активизам, давајки акцент на економското јакнење на жртвите и нивно активно вклучување на пазарот на трудот, но и активности за застапување и лобирање со цел отворање на шелтер центри и инкорпорирање на одредбите од Истанбулската конвеција.

СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ / МКД
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА / месеци