написи

ЗДСЈД

Застапување преку практичен пример: ЗДСЈД

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Канцелариите за комуникација со граѓаните на пратениците во Собранието на Р Македонија се отворена врата преку којашто граѓаните можат да придонесат за подобрување на законодавството. Водени од оваа идеја, здружението Конект во соработка со Институтот за парламентарна демократија организираше еднодневна работилница за асистентите во канцелариите од Изборните единици 5 и 6.

Тема на работилницата беше зголемување на знаењата за филантропија и нејзино поттикнување преку процес на застапување за измени на  Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Aсистентите во канцелариите за комуникација со граѓаните на пратениците ги добија сите потребни информации за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и се запознаа со потребата за негови измени. Дискусијата ја потврди потребата од олеснување на административната процедура во процесот на имплементација на Законот, а беше нагласена и неопходноста за поттикнување на физичките лица повеќе да донираат во активности од јавен интерес, преку ефектуирање на даночните бенефиции за нив.

Преку случајот на иницијативата за измени на ЗДСЈД на Конект, беа споделени чекорите за тоа како од граѓанска иницијатива може да се дојде до измени на одредено законско решение.  Асистентите ја препознаа својата улога во процесот и искажаа подготвеност активно да се вклучат во оваа и други иницијативи.

Вакви настани Конект и ИПД ќе организираат и во Штип и Скопје, на кои ќе присуствуваат асистентите од канцелариите во останатите Изборни единици.

Дополнително:

IDIVIDI: Трибина за измени на Законот за донации и спонзорства

Share and Enjoy