написи

ЗДСЈД

Застапување за законски измени чекор по чекор: ЗДСЈД

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Клучниот чекор за реализирање на граѓанските иницијативи кои застапуваат законски промени е иницијативата да стигне и соодветно да им биде претставена на законодавците. Важна алка во тој процес се асистентите во канцелариите за комуникација со граѓаните, кои претставуваат канал за комуникација помеѓу граѓаните и пратениците во Собранието. Од друга страна, асистентите треба целосно и соодветно да бидат запознаени со сите детали од иницијативата, како би можеле истата да ја поддржат и соодветно да ја проследат. Во таа насока беа реализирани серија работилници од страна на здружението Конект и Институтот за парламентарна демократија (ИПД) со асистентите во канцелариите за комуникација со граѓаните, на кои чекор по чекор беше објаснет процесот на застапување, преку практичен пример на измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД).

Прашањата што произлегоа во текот на дискусијата, најмногу се однесуваа на административната процедура за реализирање на даночните олеснувања и можностите за индивидуална филантропија. Мислењата искажани од најголемиот број дискутанти беа за потребата од измени на Законот, посебно во делот на скратување на процедурата за донирање и поттикнување на правните и физичките лица повеќе да донираат и поактивно да го користат Законот.

Асистентите ја искажаа својата подготвеност на пратениците да им ги пренесат информациите и да се заложат за донесување на измени на ЗДСЈД.

Оваа работилница, наменета за асистентите од Изборните единици 1 и 2 беше последната во низата, после Гостивар и Штип, на кои 72 асистенти детално се запознаа со процесот на застапување преку примерот за измени на ЗДСЈД.

Share and Enjoy