написи

ЗДСЈД

Потребен е закон кој вистински ќе го поттикнува донирањето

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Средба за измени на ЗДСЈДПретставници на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и на други организации уште еднаш ја истакнаа потребата од продолжување на процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавнсите дејности.

На средбата организирана од страна на Конект и ЕЦНЛ присутните ја потврдија потребата за измени на Законот и ги афирмираа своите заложби за учество во натамошните активности за застапување. Во исто време се договорија да се подготви документ, кој ќе биде потпишан од различните интересни групи (даватели на донации и спонзорства, односно приматели), а кој понатаму ќе биде испратен до сите институции надлежни за измени на Законот.

“Вложуваме во средината во којашто работиме и придонесуваме за нејзиниот развој. Негувањето на вредностите на филантропијата (донирањето) и нејзиното поттикнување е неопходност во околности на сѐ поголема потреба од ресурси, затоа ги делиме ставовите за потребата од измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, којшто моментално не им служи на тие за кои е донесен и не ја исполнува во целост својата функција“- истакнаа присутните.

Share and Enjoy