написи

Филантропија

Витезот со големо срце: Боно

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Малкумина го познаваат како  Paul David Hewson, но името Боно (Bono) скоро сите ќе ги асоцира на главниот вокалист и текстописец на Ирскиот бенд U2. Покрај тоа, Боно е еден од најпознатите светски филантропи и од страна на National Journal е прогласен за политички најефективна позната личност на сите времиња.

Тој повеќе од 25 години се занимава со филантропски активности, а покрај различните настани и акции кои ги организира, донира и сопствени средства за да го промени светот во кој живееме.

Во 1986 година, Боно и U2 учествуваат на турата низ САД организирана од Амнести, Conspiracy Of Hope, заедно со Стинг. Исто така има учествувано во проектите Band Aid и Live Aid организирани од Боб Гелдоф. Подоцна оваа соработка продолжува и во 2005 Боно и Гелдоф го организираат проектот Live 8, каде настапува и U2.

Од 1999 година Боно значајно им се посветува на кампањите за отпишување на долгот на “третиот свет“ и подигнување на свеста за страдањата во Африка, како и за пандемијата на СИДА.

За своите филантропски активности во 2003, 2005 и 2006 е номиниран за Нобелова награда за мир.

Во 2004 Боно го добива Меѓународниот претседателски медал на честа “Пабло Неруда“ од владата на Чиле.

Во 2005 Боно е меѓу првите три личности кои ја добиваат наградата TED , со која на секој победник му се гарантира исполнување на “Желба која ќе го промени светот“. Боно посакал три желби, првите две биле поврзани со ONE campaign, а третата била секоја болница, здравствена установа и училиште во Етиопија да бидат поврзани на Интернет.

Неговите филантропски активности му носат и голем број на награди и признанија скоро од сите страни на светот, а на церемонија одржна на 29 март 2007 госина, прогласен е за почесен витез- Заповедник на редот на Британската Империја.

Product Red е уште една од многуте кампањи започнати од Боно, во рамките на која заедно со Боби Шрајвер (Bobby Shriver) собираат пари за Global Fund to Fight AIDS, Tuberculosis, and Malaria.

Во една прилика во својот говор, Боно изјавува: “Кога сте заробени во сиромаштија, не сте слободни. Кога законите за трговија ве спречуваат да ја продавате храната што ја произведувате, не сте слободни… Кога сте монах од Бурма спречен да влезе во храмот заради својот апел за мир… добро, тогаш никој од нас веќе навистина не е слободен“.

И покрај многуте ангажмани, Боно наоѓа време да вложи во заедницата и некому да му исполни желба што ќе му го промени светот. МОЖЕШ ЛИ И ТИ?

За да дознаете како можете да помогнете во вашата заедница стапете во контакт со Конект на konekt@konekt.org.mk

Share and Enjoy