написи

ЗДСЈД

Процесот на измени на ЗДСЈД мора да продолжи

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

На иницијатива на здружението Конект, дваесет граѓански организации и една стопанска комора поднесоа Изјава за измени на ЗДСЈД за продолжување на процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Изјавата е доставена до Министерството за правда, како надлежно за овој закон, Претседателот на Собранието на Р Македонија, координаторите на пратеничките групи, Заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, Секретаријатот за европски прашања, министерствата за економија, финансии и култура и Управата за јавни приходи.

Претставниците на примателите и давателите на спонзорства и донации се едногласни дека постојниот Закон не им служи на оние за кои е донесен и не ја исполнува во целост својата функција, заради што треба да се откочи процесот на измени и да се донесе закон кој вистински ќе го поттикнува донирањето.

Процесот на измени на ЗДСЈД е започнат пред повеќе од четири години и сѐ до мај 2012 година се одвива континуирано, вклучувајќи ги претставниците од сите засегнати страни. Покрај тоа што работната група, формирана од Министерството за правда ја подготви првата работна верзија на измени на Законот, од мај 2012 процесот стагнира.

Потенцирајќи ја својата подготвеност за соработка и конструктивност во процесот на измени на Законот, потписниците на изјавата, од надлежните институции бараат:

  • Да се реактивира процесот на менување на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во континуирани консултации со засегнатите страни, вклучително и учеството на граѓанските организации во меѓусекторска работна група за подготовка на измените на Законот, со цел новото законско решение да содејствува со потребите на неговите корисници;
  • Измените на Законот да се во согласност со донесените заклучоци на Комисијата за култура на Собранието на РМ по одржаната надзорна расправа за следење на имплементацијата на Законот во 2010 година, потоа со „Анализа на спроведувањето на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности 2007-2011“, како и со позитивните практики и политики на ЕУ членките во врска со процедурите за реализирањето и контролата на даночните олеснувања.
Изјавата останува отворена за поддршка од засегнатите страни. Организациите, стопанските комори и установите коишто сакаат дополнително да ја потпишат истата, по што релевантните институции би биле информирани, можат да контактираат со Конект на konekt@konekt.org.mk.

Овде може да го преземете интегралниот текст на Изјавата: [Мкд]  |   [Алб]  |  [Eng]

 

Share and Enjoy