написи

граѓански сектор

Приказни од Конектирај се! Продавачите од „Лице в лице“ учат за поуспешна продажба

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Како да им ги презентирам содржините на списанието, како да привлечам повеќе купувачи, се само дел од прашањата што му ги поставувале на Михаил Китановски од консултантската фирма D2EM лицата кои го продаваат списанието „Лице в лице“. Китановски им одржа обука за презентација и продажба на списанието на продавачите од  „Лице в лице“, кои со него се поврзаа преку сервисот Конектирај се! на Конект.

„Лице в лице“ е единственото улично списание во Македонија. Списанието се продава по цена од 100 денари, при што половина од продажната цена ја задржува продавачот, а другата половина се користи за остварување и развој на едукативната програма низ којашто поминуваат овие лица, како и за трошоците за печатење и подготовка на секој нов број на „Лице в лице“.

Продавачите веднаш го засакале Мишко и неговиот пристап на обука како да бидат поуспешни во својата работа, вели Жармена Божиновска, координаторка на продавачите. Досега имале многу обуки за најразлични аспекти на продажбата, но со Китановски развиле посебна врска на почит и разбирање. Дури и денеска кога ќе го сретнат на улица му велат: „Мишко кога ќе дојдеш повторно да ни држиш обука“, вели Божиновска.

18920394_1372073256212450_739551586754536732_n

И за Китановски обуката со „Лице в лице“ е многу драго искуство. Редовно го купува списанието, а средбата со продавачите на улица секогаш ја користи за да ги потсети на неговото предавање и на техниките кои им ги открил.

„Често пати ги сретнувам и задолжително купувам од списанието и при тоа ги наведувам да ги применуваат чекорите на продажба што ги учевме. Подобрување има во пристапот, позитивната комуникација и љубезноста што е доказ за желбата да се успее“, вели Китановски.

Во неговата долгогодишна работа и обука за различни области и вештини, Китановски искуството со продавачите од „Лице в лице“ го вбројува како едно од поубавите и поради социјалната компонента на списанието.

Интересот на продавачите да научат повеќе укажува на подигнувањето на свеста за улогата на продавачи на овие млади луѓе, додава Китановски.

Консалтинг D2EM и „Лице в лице“ договориле и идна соработка и обуки со кои ќе бидат опфатени и други продавачи дел од тимот на ова социјално претпријатие. Затоа Конектирај се!

Конект е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Share and Enjoy

Коментари

Нема коментари.

Коментирај