написи

граѓански сектор

Приказни од Конектирај се! – Научни вештини за извидниците

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

20953415_10155652203534464_8163587189198764616_n
„Извидник научник“ е вештината што ја стекнуваат извидниците од Сојузот на извидниците на Македонија (СИМ) благодарејќи на нивното запознавање со испитувањата кои се вршат во Лабораторијата за животна средина на компанијата „Фармахем“. Осумдесет извидници се веќе носители на ова посебно вештарство, со кое се одликувани.

Сојузот на извидниците и „Фармахем“ се поврзаа преку сервисот Конектирај се! на Конект, кој ги спојува бизнисите и непрофитните организации со цел заеднички да создаваат добри промени во своите заедници. „Заедно создаваме подобар свет“ беше и мотото под кое беше спроведувана соработката помеѓу СИМ и „Фармахем“.

Поттикнувањето на научно-истражувачкиот дух и развојот на извидништвото се главните причини поради кои компанијата „Фармахем“ без двоумење ја отстапи својата Лабораторија за животна средина за едукација на извидниците.

20953485_10155652201339464_5651972473022455002_n

„Нашето партнерство се развива, се надградува и ќе се менува во зависност од можностите и од потребите на извидниците и на ‘Фармахем’. Планирани се една до две посети месечно во Лабораторијата за животна средина од страна на извидниците, каде што тие се едуцираат, но и постепено ќе се проширува соработката во други сегменти“, велат од „Фармахем“.

Едукација во интересни и релевантни области се придобивките за младите извидници, за кои оваа соработка можеби ќе биде единствена шанса одблиску да се сретнат со науката. Уникатноста и реткоста на ваквите обуки ја прави соработката со „Фармахем“ дополнително корисна за извидниците, смета Горан Ѓорѓиев, секретар во Сојузот на извидниците на Македонија.

Соработката со Сојузот на извидниците на Македонија „Заедно создаваме подобар свет“ на Фармахем ѝ ја донесе Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2017 година.

Награда пак за извидниците покрај стекнувањето на нова вештина е и поттикнувањето за развој на нивниот истражувачки дух. Работилниците за лабораториско работење ги инспирираат и ги мотивираат извидниците да се насочат да бидат активни и љубопитни граѓани, кои постојано се ангажираат во своите заедници. Тука е и местото каде што се креираат првите афинитети кон науката и првите стекнати знаења и искуства кои се исклучително важни за професионална определба, велат од Сојузот.

21077676_10155652206519464_4395851116913754632_n
Сервисот Конкетирај се! е воспоставен како платформа за соработка помеѓу бизнисот и граѓанските организации. За граѓанските организации соработката значи зголемување на кругот на поддржувачи и можности за дејствување. За компаниите соработката значи разбирање на социјалното влијание во заедницата преку кое ќе се јакнат добрите бизнис-практики. Затоа Конектирај се!

Конект е корисник на институционален грант од програмата Цивика Мобилитас.

Share and Enjoy

Коментари

Нема коментари.

Коментирај