написи

Волонтерство

Приказни од Конектирај се! Модни додатоци што интегрираат

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

DSC_0810
Моден активизам – вака може да се нарече вклучувањето на дизајнерката Ирина Тошева во големиот број проекти наменети за маргинализирани групи. Таа го користеше сервисот Конектирај се! на Конект преку кој ја поврзавме со Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово.

Корисниците на „Порака Наша“, лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години, ги развиваат своите работни вештини преку професионалната рехабилитација во шивачката работилница на Здружението. На својот предизвик – самостојно да изработат производи надополнети со креативните идеи на Ателје Тошева, одговорија со успешен резултат – модни додатоци привлечни за пазарот.

Дизајнерката раководејќи се од можностите на корисниците на „Порака Наша“ заедно со нив разви прототип на производи со едноставна естетика, која, како што вели Тошева, се консумира со задоволство. Вредните раце на корисниците на „Порака Наша“ создадоа производи конкурентни на пазарот, но и со додадена вредност бидејќи тие се доказ дека лицата со интелектуална попреченост се способни и можат да се вклучат на отворениот пазар на труд.

20045710_1961180854126172_8976681134373113562_o
„И јас сум дел од граѓанскиот  сектор и знам колку е важна поддршката за здруженијата од страна на бизнисите или од индивидуалците кои можат да дадат придонес во остварувањето на нивната мисија. Со задоволство ја прифатив понудата да соработувам со ‘Порака Наша’, а многу ме радува и вклученоста на корисниците“, вели Тошева.

Најголемата придобивка ја имаа лицата со попреченост, кои преку стекнувањето на конкретни работни вештини ги јакнат личните капацитети, но и самодовербата дека можат да го остварат едно од основните човекови права – правото на работа, велат од „Порака Наша“.

20117217_1961201580790766_628425621637882572_o

 

Производите на „Порака Наша“ креирани под креативната палка на Ателје Ирина Тошева се достапни во продажба преку нивната фејсбук-страница и во просториите на Дневниот центар. А за сите граѓански организации и бизниси кои сакаат да направат позитивна промена во општеството достапен е сервисот за поврзување Конектирај се!

Конект е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Share and Enjoy

Коментари

Нема коментари.

Коментирај