написи

граѓански сектор

Приказни од Конектирај се! Со донација од 1.200 книги збогатени библиотеките на училиштата во руралните средини

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS
ОУ Славејко Арсов - Подмочани Ресен (фото: Чекор по чекор)

ОУ Славејко Арсов – Подмочани Ресен (фото: Чекор по чекор)

Преку сервисот Конектирај се! градиме партнерства меѓу бизнисите и непрофитните организации за заеднички да создаваат добри промени во своите заедници.

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ преку сервисот Конектирај се! изрази потреба за партнерска соработка со која ќе се овозможи подобрување на условите на децата од ранливите групи или од достапност до одредени ресурси. Нивната мисија ја препозна издавачката куќа за детска литература „Вермилион“ чија главна цел е промовирање на темите за кои поретко се говори во литературата за деца и им нуди на сите деца ликови во кои ќе можат да се препознаат самите и да добијат позитивни модели за идентификација. Издавачката куќа донираше книги за крајните корисници на фондацијата.

Во рамки на проектот „Со читање до лидерство“ кој го реализира „Чекор по чекор“ и со помош на нивната „Библиотеката на тркала“ во 39 училишта во рурални средини беа доставени 1.200 донирани книги од 15 наслови на „Вермилион“. Булачани, Драгобраште, Подгорци, Подмочани, Долнени, како и од Демир Хисар и Валандово се само дел од местата каде пристигна донацијата на „Вермилион“.

ОУ МИрче Ацев - Лажани, фото: Чекор по чекор

ОУ Мирче Ацев – Лажани (фото: Чекор по чекор)

Овие книги претставуваат одлична можност децата покрај училишните лектири да прочитаат и нови, современи приказни од различни жанрови. Книгите се богатство и за нас и за децата, велат дел од директорите на училиштата каде што беа доставени книгите. Децата со задоволство ќе ги читаат, додаваат тие.

Конект се стреми да биде клучната алка за поврзување на донаторите со граѓанскиот сектор за создавање на позитивно влијание во општеството. Кога корпоративното донирање е стратешки насочено кон вистинските целни групи прави влијание. Така, во овој случај, поттикнува едукација на најмладите, нивно запознавање со донирањето и со одговорноста кон заедницата.

Книгите и донирањето имаат многу заеднички карактеристики – поучни се, нè прават подобри, и посвесни за реалноста во која живееме, а во која секогаш некому ќе му биде потребна нашата помош. Затоа Конектирај се!

Само во 2017 година, преку сервисот Конектирај се!  беа реализирани над 10 поврзувања помеѓу најразлични компании и непрофитни организации што изградија партнерства. Соработките често вклучуваа партнерска соработка: дизајнерка креираше дизајн и менторираше потенцијално социјално претпријатие што има шивачка работилница; организација за социјално загрозени лица од трето доба во соработка берберски салон обезбеди редовни бесплатни услуги; извидници со компанија којашто се занимава со еколошки консалтинг и лабораториски испитувања едуцираат извидници и многу други.

Во следните објави на блогот на Конект ќе ви ги претставиме и приказните што се пример за тоа како соработката помеѓу бизнисите и непрофитните организации е полезна во создавањето промени во заедниците.

Конект е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Share and Enjoy

Коментари

Нема коментари.

Коментирај