написи

граѓански сектор

Приказни од Конектирај се! Бесплатни правни услуги за безгрижни детски насмевки

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

26165223_208496843050374_5455708292719650823_n

Тргнувајќи од желбата да отвори Центар за деца со посебни потреби, Фондацијата Аполонија не ни замислувала дека на тој пат ќе наиде на обемни бирократски процедури. Договори, елаборати, осигурувања се само еден дел од десетиците документи што биле потребни за Аполонија да го регистрира Центарот.

„Граѓанските организации што работат на проекти секогаш се фокусирани на својата мисија и во планирањето на проектите не ги пресметуваат и средствата потребни за експертски правни услуги, но и да го направевме тоа не би имале ресурси за да ги покриеме докрај“, велат од Аполонија.

Од Фондацијата се консултирале со голем број правници пријатели кои сакале да помогнат, но добиле многу различни мислења во однос на тоа каква сè документација е потребна за да го регистрираат Центарот„ Мајка Тереза“. Но, по само еден состанок со адвокат Љупка Новеска-Андонова, кој беше организиран преку сервисот Конектирај се! на Конект,  добиле надеж дека ќе ги подготват документите.

Свесна за правните ризици со кои се соочуваше овој проект, за недостигот на финансии за ангажирање на правник и за важноста на Центарот за локалната заедница, адвокат Љупка Новеска-Андонова без двоумење ја прифати соработката и бесплатно ја подготви потребната документација за Центарот.

18528072_126437864589606_6070422160109903122_n

За Аполонија оваа соработка е од големо значење бидејќи добиле уверување дека сите договори ќе бидат професионално составени. Целата комуникација понатаму се одвивала преку е-пошта, а благодарејќи на Новеска-Андонова документацијата била навремено подготвена, велат од Фондацијата Аполонија.

Денеска  Центарот „Мајка Тереза“, кој постои повеќе од една година, редовно го посетуваат 30 дечиња. Во него запознаваат другарчиња и извршуваат различни активности како работна терапија.

За Фондацијата Аполонија бирократските лавиринти беа предизвик, а за канцеларијата на адвокат Љупка Новеска-Андонова можност преку своите услуги  да бидат дел од убавата и успешна приказна. Затоа Конектирај се!

Преку Конектирај се! ги поврзуваме граѓанските организации и компаниите преку утврдување на полиња во кои можат да соработуваат. Примарната цел на поврзувањето е да се искористат знаењата и експертизата на компаниите и да се помогнат стратешки партнерства кои носат корист како за компаниите така и за ГО. Конект ќе посредува во воспоставувањето на продуктивна соработка.

Конект е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.

Share and Enjoy