Дали некогаш сте се обиделе да си создадете слика за тоа како изгледаат индивидуалците кои несебично донираат во заедницата? Според листата објавена од The Chronicle of Philanthropy најголем филантроп во 2011 година е жена, Margaret A. Cargill со донација од околу 6 милијарди долари. Но сепак жените не го сочинуваат мнозинството филантропи, па така дури 47 од 50 најголеми филантропи во 2011 се мажи.
За да ти помогнеме полесно да визуелизираш, во продолжение е инфографикот на тема: Кои се и како донираат 50 најголеми филантропи.
Според тебе, кои се најголемите филантропи во Македонија? Колку и каде тие донираат? Дали законската рамка поттикнува големи индивидуални донации? Одговорите ги очекуваме во коментари.