написи

ЗДСЈД

Меѓусекторски форуми за Законот за донации и спонзорства

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Дали некогаш сте донирале финансиски средства, движни и недвижни ствари, услуги…? Ако одговорот е потврден, припаѓате на групата од над 70% од граѓаните во Македонија кои  донираат во текот на годината. И повеќе од половината од претпријатијата исто така донираат.

Иако донацијата треба да биде безусловна, сепак согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности  физичките и правните лица во Македонија може да добијат даночни олеснувања за донациите и спонзорствата за цели од јавен интерес.

Еве го сега и второто прашање: Дали сте ползувале даночно олеснување за дадената донацијата? Ако и на ова прашање имате потврден одговор, тогаш сигурно ја знаете пороцедурата која треба да се помине, за да се добие даночното олеснување. Според истражувањето на Конект, засегнатите страни сметаат дека оваа процедура е многу сложена и многупати или ги одвраќа да донираат, или пак, донираат при тоа не користејќи го Законот. Сложената процедура според која може да се реализира даночното олеснување укажува на недостаток на доверба во концептот на приватното донирање кое законот мора да го поттикнува.

Megusektorski_forum_2 Имајќи го ова предвид, Конект започна со серија форуми за да ги слушне мислењата и ставовите на чинителите на процесот, а во насока на подготовки на измени и дополнувања на Законот.

“Потребно е Законот целосно да се измени, да се поедностави постапката, а фокусот на контрола за користење на донациите наместо на донаторите, како досега, да се стави на корисниците на донираните средства и добра. На тој начин ќе се овозможи значително зголемување на бројот на донации во културата, спортот и воопшто областите од јавен интерес.“

 

Повеќе информации за активностите може да се најдат на Интернет страната на Конект.

Сите коментари и предлози во насока на подобрување на законот, се добредојдени, затоа слободно пишете во коментар.

Share and Enjoy