написи

ООП

MAMFORCE стандард- важноста на балансот меѓу работата и приватниот живот

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Еден од најголемите предизвици на современото живеење е како да се постигне рамнотежа меѓу професионалната кариера и приватниот живот. На оваа тема се напишани многу книги, посветени се бројни конференции, јавни дебати… темата е дел од секојдневните разговори и најмногу од сѐ – балансот приватен-професионален живот е секојдневна битка што е најмалку лесна за жените.

Факт е дека  жонглирањето меѓу обврските на работа и семејството е многу поизразен кај жените, особено кај мајките што сегрижат за децата и дополнително ја усложнува ситуацијата. Жените постојано се во трка со времето,  истовремено стремејќи се да бидат добри во сите социјални улоги. Предизвик е едновремено да напредуваат во кариерата и да бидат родителки за пример. Поголемиот број жени ќе кажат дека „Кога се сака сѐ се може“, и „Со добар план и организација може да се направи сѐ и на работа и во домот “. Тоа е точно, но во реалноста за жената родител да биде успешна на двете полиња потребна е промена на организационата култура кај работодавачите, односно поддршка од  организациите каде работат. Тоа значи промена на вообичаените традиционални начини на размислување и работење.

09

Согледувајќи ја оваа потреба, проектот MAMFORCE се залага за подигнување на свеста за важноста од балансот меѓу работата и приватниот живот, првенствено за вработените жени, за да можат без пречки да напредуваат на сите полиња. MAMFORCE е алатка за родова еднаквост и не само за родители, туку за сите  одговорни личности кои многу често треба да се грижат и за други членови на семејството што им треба нега. За жал, на оваа тема многу малку се разговара во рамки на компаниите, а станува збор за специфични обврски кои сериозно може да ја намалат продуктивноста и задоволството од работнoто место.

24174320_1524218691001318_6252939496436728425_n

MAMFORCE стандардизацијата е одличен начин работодавачите да го подобрат балансот меѓу работата и приватниот живот на вработените. Татковците и мажите се подеднакво важни зашто сè повеќе се менува нивната улога во семејствата, во одгледувањето на децатa, и во перцепцијата за нивниот финансиски придонес во семејниот буџет. MAMFORCE стандардот преку процес на проценка им помага на компаниите во развој и примена на политики што се осврнуваат на семејните потреби, родовата еднаквост, а на вработените им го олеснуваат секојдневното усогласување  меѓу работата и приватноста. Ова е одличен начин компаниите да привлечат и задржат квалитетен кадар вреднувајќи ја индивидуалноста и давајќи поттик вработените да бидат што подобри работници и сѐ подобри личности. Резултатите од бројни истражувања потврдуваат дека мотивираните работници се попродуктивни. На тој начин се  оптимизираат работните процеси и се намалуваат трошоците, но се воспоставуваат и подобри односи со клиентите и потрошувачите. А, токму тоа е целта на секоја компанија!

Подобрување на сегешната пракса

За да не изгледа како теорија и утопија, наведуваме некои примери со коишто компаниите во пракса можат да обезбедат родова еднаквост и да им помогнат на своите вработени да го подобрат балансот работа-семејство:

  1. Флексибилни работни ангажмани– флексибилно работно време, скратено работно време, работа во смени, работа од дома или повремена работа од дома, можност за постепено враќање на работа преку некои форми од флексибилно работно време во различни фази на развојот на детето или за грижа за лицата од трето доба во семејството итн.
  2. Специјализирани услуги кои ќе го олеснат товарот на вработените за грижа за семејството– основање на градинки во дел од просториите во компаниите за децата на вработените, грижа за психофизичкото здравје на вработените, финансиска помош за едукација  на децата.
  3. Програми за менторирање што ќе овозможат балансирана родова застапеност. Ќе бидат насочени кон помалку застапените жени или мажи во организацијата и ќе им помогнат да напредуваат во кариерата.

 

MAMFORCE стандардот во Македонија го спроведува Конект

logo

Вкупно 21 компанија во регионот веќе се закитени со овој стандард што им овозможи да напредуваат во своите практики. Македонските компании покажуваат голем интерес за примена на стандардот. Вип е првата компанија носител на MAMFORCE стандардот што претставува признание за успешно спроведување на компаниските политики коишто ги земаат предвид семејните потреби баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Нашите закони за работни односи и другите политики можат да понудат нови, флексибилни иновативни решенија, кој што ќе им помогнат на компаниите да креираат работни средини каде вработените ќе бидат задоволни и мотивирани да напредуваат во својата кариера“, вели Никица Кусиникова, извршната директорка на Конект, организација што го спроведува на MAMFORCE стандардот во Македонија.

Конект преку MAMFORCE нуди нова алатка за секоја заинтересирана компанија да ги надгради практиките во човековите ресурси во доменот на семејната одговорност. Така, компаниите имаат можност да се приклучат на светските текови, да ја подобрат работната атмосфера, своите вработени да ги направат позадоволни и посреќни личности, а со тоа и попродуктивни вработени.

Имплементацијата на проектот во Македонија е поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact.
Конект е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Share and Enjoy

Коментари

Нема коментари.

Коментирај