Здружението Конект, во рамки на проектот Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации (ГО) финансиран од Европската Унија, организира Конференција за филантропија- Соработка меѓу граѓанските организации и бизнис секторот што ќе се одржи на 11.06.2015 година во Едукативен центар М6, Скопје.
Конференцијата тематски е поделена во три дела, во рамки на кои ќе се одржат панели кои опфаќаат: соработка меѓу граѓанските организации и бизнис секторот во насока на надминување на социјалните предизвици; дискусија за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и мобилизирање на ресурси од бизнис секторот.
Повеќе детали за дневниот ред и за говорниците на конференцијата може да најдете на следните линкови:
– Кратки биографии за говорниците.
Конференцијата ќе биде пренесувана во живо на следниот линк, а видето од истата ќе биде достапно по завршување на YouTube каналот на Конект.