написи

ЗДСЈД

Како да соработувате со бизнис секторот?

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

На прв поглед граѓанските организации и бизнисите се сосема различни и нивниот краен интерес воопшто нема допирни точки. Додека едните работат во насока на остварување на одредена цел и мисија, вторите се стремат кон остварување профит. Сепак обата сектори се дел од општеството и влијаат на истото, па имаат допирни точки и основа за да остварат соработка.

Не треба да заборавиме дека глобалните и локалните проблеми ги делат и бизнисите и граѓанските организации. И токму тие се точките на поврзување на ресурсите што ги има бизнисот и експертизата или врските со заедницата што ги нудат граѓанските организации. Доволно е двата сектора да веруваат во промена на општеството преку добри идеи и заеднички акции за да можат да започнат ефикасна и долгорочна соработка.

За да разберете повеќе за можните начини и форми на соработка меѓу граѓаснките организации и бизнис секторот, погледнете го видеото:

 

Сите видеа од серијалот со совети за ГО за мобилизирање на ресурси може да се најдат на www.donirajpametno.mk

Видеото е изработено во рамки на проектот: Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на ГО финансиран од Европската Унија. Ставовите изразени во видеото се одговорност на Конект и говорниците и на никаков начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Европската Унија.

Share and Enjoy