написи

ЗДСЈД

Преку донирање го креираме животот: Интервју со Искра Трајкоска од NextSense

  • Facebook
  • Twitter
  • Delicious
  • Digg
  • Add to favorites
  • Email
  • RSS

Искра Трајкоска е менаџер за човечки ресурси во компанијата NextSense. Во последните неколку години работи во областа човечки ресурси, со посебен фокус на процесот на селекција и регрутација, како и обуки за нови вработени. Во последно време е насочена кон развој на стратегии и проекти за корпоративна и општествена одговорност, како дел од развојот на човечките ресурси, со посебно внимание на вработените и животната средина. 

За блогот на Конект, Искра одговори на неколку прашања, пред се поврзани со донирањето на компанијата, амбиентот за реализирање на донациите и законската основа за донирање во Република Македонија.

 

Nextsense е компанија специјализирана за развој на е- бизнис решенија за унапредување на бизнис перформансите на компаниите. Исто така, позната е по тоа што вложува во заедницата, помагајќи да се реализираат проекти кои се од јавен интерес. Во какви проекти (кои области) најмногу вложувате?

Како компанија, најмногу вложуваме во развојот на информатичкото општество, развојот на меѓународни конференции, развој на образованието особено во техничките факултети, како и развој на млади таленти. Исто така вложуваме во проекти за развој на вработените, како и развој на заедницата.

Дали вие ја следите имплементацијата на проектите во кои вложувате?

Секако дека ја следиме и сме дел од неа. Иако морам да признаам дека повеќе сме насочени кон корпоративната филантропија отколку реализација на цели проекти. Од проектите можам да ги издвојам “Дајте ни крилја“- за нив искреиравме целосна Интернет стратегија за проширување на мрежата за помош на децата со посебни потреби- здружение оформено од Ребека Јанковска, како и практикантската програма  кој е наш постојан проект во соработка со приватните и државните универзитети и МАСИТ.

Кои се бенефициите кои вашата компанија ги има од вложувањето во заедницата, и колку донирањето е во согласност со вашите бизнис цели?

Целиот концепт на корпоративно општествената одговорност е поддршката на “the three P’s: people, planet & profit”. Секако дека вложувањето во заедницата одговара со нашите бизнис цели-ние вложуваме во развојот на информатичкото општество и технологија, во развојот на младите таленти. Со практикантската програма бенефиција немаат само студентите практиканти и факултетите кои имаат сигурен партнер за изведување на практикантската работа, туку ние креираме база на идни наши вработени кои се веќе обучени.

Што мислите за донирањето воопшто?

Знаете како викаат-за да добиеш нешто треба да дадеш нешто.  Двете нешта одат заедно. За да дадеш нешто треба да сакаш искрено да го споделиш нештото со друг. Јас искрено верувам во тоа дека давањето и споделувањето претставува покажување на грижа. Впрочем како што рекол Черчил: „Живееме од она што го добиваме, но го креираме животот од она што го даваме.“

Имате ли искуство со користење на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и ползување на даночните бенефиции? Какви се искуствата?

Секако дека имам. Па сите филантропски проекти кои ги имаме како и ООП проектите се согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Повеќе пати имам дискутирано на оваа тема и искрено моите искуства со сите тие процедури не се многу позитивни. Затоа што процедурата за пријавување на проект или филантропска активност е премногу долга и бавна. Надлежните институции меѓу себе не се искоординирани што ја отежнува целата процедура.

Дали донирањето/спонзорирањето изискува дополнително време и човечки ресурси со цел запазување на законската процедура? Дали ова  претставува проблем за вашата компанија?

Секако дека изискува. Еден ресурс треба целосно да се посвети кон спровдување на постапката, пополнување на различните формулари, собирање на голениот број на документи кои треба да се поднесат заедно со проектот, па потоа постојаното потсетување на надлежната институција околу изготвувањето на решението од јавен интерес, па повторно пополнување на документи. Тоа е стварно долга процедура која одзема многу време.

Кога би биле во позиција да предложите измени на Законот, во која насока би биле тие? Што е главното што треба да се смени за Законот и придобивките од него да бидат поприемчиви за донаторите?

Скратување на процедурата за пријава на проект од јавен интерес и поголема координација меѓу надлежните институции кои работат на оваа проблематика.

 За крај, која е вашата порака до компаниите и физичките лица кои се уште со скепса гледаат кон донирањето и не се сигурни дали нивните средства правилно ќе бидат искористени и соодветно вреднувани?

Оние кои се дарежливи забораваат што дале но запаметуваат што добиле за возврат.

Моето искуство досега покажало дека сите средства (материјални и нематеријални) кои се донирани од нас се правилно искористени. Како го знаеме тоа-едноставно. Истите луѓе поинаку почнуваат да го вреднуваат донаторот-не затоа што донирал туку затоа што го направил од срце.

Share and Enjoy